Пребарувај по блогот

26.11.09

TJ - ShizoФ®eniYa


http://0.mk/TJshizofreniYa --- мојата н0вА Д3мО п3сна.. аКо Ти с3 б3нДисУвА, дАЈ мУ ја на тВо3тО дРугАрчЕ!

mp3 download овде!




---------------------------------------------------------------

lyrics >>>

---------------------------------------------------------------

[Интро]


Там, та-рам, та-рам
та-рам-там
Там, та-рам, та-рам
та-рам-там-там

Там, та-рам, та-рам
та-рам-там
Там, та-рам, та-рам
та-рам-там-там


[Строфа 1]

[TJ]
Иста вечер, ист клуб,
Ништо ново на повидум...
Стандард бирка се лизга по шанк,
Буфта кранк, битот јак, се' е исто пак...

И пак ме кине мрза,
Дрска досада ма' се' е без врска...
Мозокот ко' во клопка врзан...
Налевам чаша, пијам, брзам...

Кревам поглед ко' нешто да барам,
Добар сенс, (шмрк) намирисав трага...
Со остар поглед ме демне,
Мазна кожа ко' на бебе, мислам сака да се ебе...

Напрчени муцки исправена става,
Центриран поглед во мојата глава,
На лице блед израз... (Хмм...)
Демнам, чекам да ми даде било каков признак...

Признав, сакам да ја имам, шизнав,
Тогаш се' избледи гласен звук писна,
Па се појави ко' на модна писта,
Наместо кучката - мојата совест бистра...


[Рефрен]

[TJ]
Имаш газе боли ум!
Би те ебел јас на подиум!
До оргазам краен стадиум!
За мојот мозок ти си опиум!


[Строфа 2]

[Совест]
Еј! Пссст! Пссст!... Слушни ме!
Немој да правиш ништо, не, не лути ме!
Земи воздух **** број до десет,
Овој глупав клуб знај за тебе е тесен...

Размисли, кој нестрпливо те чека дома?
Кој не спие ради' тебе во оваа доба?
Кој те сака искрено само тебе? Хм?
Па ти имаш жена бе, еј! Не си веќе дете!

[TJ]
Па добро кој кур!? Зар уште ме демнеш!?
Зар ќе морам да се расправам уште со тебе!?
Ти кажав еднаш, ма' не повторувам пак,
Па ти беше тука до мене и дури бев млад!

И дури бев копиљак и кога требаше да ебам
Ти ми беше моја беда, рано ме учеше на верба...
И ми направи безвеза да биде се',
Место со пичиња ме наполни со жив смет!

[Совест]
Како се осмелуваш да ми се обраќаш така?
Зар мислиш дека не ти е подобро сега вака?
Мирен живот, фамилија, куќа на 3 ката,
Не знаеш за рата, ни лопата, нити страдаш.

А што ако беше како врсниците?
На сите пороци да ги трошеше дневниците,
Посраните дневници што ги добиваше ко' келнер,
На дрога, рулет и курви... Нефер е, не?

[ТЈ]
Губи се! Сакам само да се издувам!
Твојот глупав глас сакам само да го пригушам!
Го палам кецов, знај, нема да ми недостигаш...
Ќе те снема...

[Совест]
НЕЕЕЕ!!!

[ТЈ]

Нема ни да ми притребаш...


[Рефрен]

[TJ]
Надуван до максимум!
Ме боли кур за твојот ебeн суд!
Ма нема краен стадиум!
За мојот мозок ти си опиум!


[Строфа 2]

[Ѓавол]
Уф, ама е добро да сум повторно назад...
Нема ништо поубаво од слобода, пазам
Да ти удоволам се', нема веќе распоред
Твојата желба знај, сега е моја заповед!

[TJ]
КОЈ КУР ПАК ТИ!? Чек, не си истиот???
Го нема веќе оној глас досаден, оној пискиот...
И не... не чувствувам веќе ништо сега,
Нема ништо ко' пре'еска на гради да ме стега...

[Ѓавол]
Хаха! Заборави на гласот минатиот...
Ова е нова ера за тебе - не си оној стариот...
Да ја вратиме сцената, да се вратиме во клубот,
Пичиња вриштат! (АААААА!!!) Зарем не е лудо!?!

Гледај, пичицата што те демнеше пре'еска,
Стегната пука, луда! Ме фати и мене треска...
И што чекаш? Оди, чепни ја за газе,
Зграпчи ја силно, да помни! - Не останувај празен!

[TJ]
Чекај! Што се случува?!? Ова е лудо!
Неможам веќе да си го контролирам ни умот!
Малолетна е! Несакам да ја грабам за газ!
Што се случува?!? Ме' гледаат сите ко' манијак!

[Ѓавол]
Хахаха! Можеш да бегаш, но не и да се криеш!
Каде си тргнал!?! Застани! Врати се!
Рано е за дома, ќе те носам со мене.
За нешто многу повозбудливо сега е време!

Бирај од 0 до 36,
Стави се', не жали ништо, немој, не!
Слушни го топчето како заразно тропка,
Тоа е твојата топка!

[ТЈ]
НЕЕЕ!!!

[Ѓавол]
Хмм... Што ќе биде, ме копка...


[Рефрен]

[TJ, Ѓавол]
Надуван до максимум!
Знам сега касно е за суд!
Преку краен стадиум!
На мојот мозок ебен опиум!

14.11.09

ги собрав куферите, кафезите и лепаците, ајт на вордпрес...


отсега читајте ме на:



thnx,
TJ

16.10.09

Што сме ние?

Живееме во свет... Болен свет... Свет на убијци, лажговци, силувачи, монструми, мајки, татковци, работници, сопственици, политичари, питачи... Групирањето нема крај...
Презадоволени... Алчни...
Во било која работа, монотнијата е главниот двигател... Кога се е добро, животот станува досаден... Сопствените постапки доведуваат до разнишување на балансот... Деформирање на животот... Деформирање на личноста...
Кој е крив?
Ние...
Личноста на човекот е огледало на неговото опкружување... Неговото минато... Сегашност... Не е ни воопшто тешко да се виде и неговата иднина...
Но сепак, секогаш заклучокот е ист - човечката природа е непозната...


Ако има Бог, сеуште не не' уплашил доволно добро, за да возвратиме со почит...

(Инспирирано од Watchmen, навидум обичен акционен супер-херојски филм, кој носи неверојатно сеопфатна метафорична порака на реалноста)

P.S. Страшни визуелни ефекти! =)
P.P.S. Уште пострашен дизајн на сајтот на филмот! (МОРА ДА СЕ ПРОВЕРИ!)

18.9.09

...there is always hope!


Се стемнува...

Меланхолично расположение, придружено со меланхолични ноти... Не можам да кажам кое на кое е последица... Битно се сложуваат... онака, хармонично...

И така, си типкам на тастатурава, не мислејќи на ништо... Ми се чини дека од ден на ден, се попразни и попразни ми се мисливе низ главава... Можда' затупувам... Можда'...

И постојано се губам во некои новородени идеи кои не ја виделе светлината на овој свет... Идеи кои во секој момент ми навираат... А зошто ги кочам, зошто ги оставам притиснати... Е то' појма немам... Знам дека не е заради некоја друга попаметна работа...

Не знам ни шо' би требало да следи после ова пишаново... Изгледа завршува вака, оставајќи го читателот заебан шо' всушност почнал да го чита ова... Напразно потрошени 2 минути читање на заебани искази на еден моментално заебано расположен... како сакаш дефинирај ме... :)

12.7.09

Нирвана


Ова е вечер кога сакам да се исповедам,

Да доредам недовршени мисли да подредам,

Да созреам, за еден мал ебан степен

Кој го ценам ко' што еден ден ќе го цениш своето дете...

И не ти зборувам тебе,

Чисто само се празнам...

Сфатив дека ова е начин со кој одбегнувам казна...

Празна и чиста останува мојата совест.

Психата ме кини, но не ја сфаќам како болест.

Ова е единствен начин да се ослободам,

Од црните мисли кои мислат дека им робувам...

Сонувам како се' е хармонично чисто,

Блиско до мене, па и до срцето бистро...

Се’ се гледа на дното нема заматена капка,

Наопаку одговор на секоја тешка гатанка...

Сламка, во око нема веќе да мачи,

Редам букви по букви вистина од мене се лачи.

Кажи, напорно е да ја слушаш оваа трака,

Вака или така, ма на кур јас не те ставам,

Правам, што сакам, и што ми лежи на душа,

Да го наредам се’ она што ми прави да се сушам

Духовно, да се мачам што се’ следи на патот...

За секој ебан стих на глава знај ми фали едно влакно,

Но нејсе, велат бистар памет коса не држи...

Не 'ржи будало, и тебе ќе те здопржи,

Кога ќе го согледаш животот којшто ти го фураш,

Кога ќе помислиш на сонот којшто тешко го туркаш...

Па нураш, во ебени недогледни мисли,

Кисниш над стиховиве

Рака на чело па се мислиш,

Колку си постигнал ти во животот свој?

Дали татко ти дома е радосен дека е твој...

Немој, да си мислиш дека се’ е готово,

Кешот во рака и дека се’ ќе биде подобро...

Поново размисли до кај си со твојот сон,

Лом те прави психата само ако работиш на то’...

Зошто, нема никој кој задоволил секого

Што сакал да биди задоволен?... Ма ретко го

Постигнуваш она што се вика нирвана,

Волшебно нешто шо ти игра во левата страна...

Што ти дава сила, па и да лебдиш без маана

Во степен на медитација - висока духовна храна...

Правам се' да стасам до таа крајна точка

Без која ниту рибите не ќе можат да молчат.

Ако не разбра ништо, тогаш пишувам точка...

Безнадежен си мило - немаш ниту живот една ронка...

16.6.09

КОЈ Е ЦАР ВО РАПО?!

(инспириран од неинспирирачката досада на многубројните глупави квизови на Facebook)

Како за почеток, едно гоооолемо фала за сите шо квизува на FB и шо пра квизој... Најдов нов извор за инспирација... :)

Второ, тема за дебата... Кој е цар во рапо? - ЈАС! (дебатата е завршена)

Се заебавам бе... Само неколку copy-paste на кометарчиња шо сум ги остајл некогаш и негде...

Врчак Е првио комерцијала во земјава шо стекна бајаги голема слава... Ама... Од ко го изваде албумо „Во твоето срце“ (жива катастрофа), нема ништо сменето во стило на рапување... Главно, во никој случај не мож да биди ЦАР ВО РАПОТ, кога албумот му носи име на песна ТОТАЛНО УКРАДЕНА од НИКОЈ ДРУГ, ТУКУ P.DIDDY (http://www.youtube.com/watch?v=F6E8omz9hVA)... И да, рапо е до негде музика шо се основа врз СЕМПЛУВАЊЕ, ама ова неговово не е СЕМПЛУВАЊЕ туку е ТОТАЛНО КРАДЕЊЕ И ФОЛИРАЊЕ... Да не ги редам другите песни шо ги има крадено, верувам ги знајш (би требало)... Раде останува „рапер“ по кој скренуваат малите девојчиња... Далеку од цар...

Тони Зен го поштовам пошто е прв во земјава шо го искомерцијализира „вулгарнио“ рап, онај без цензури без глупости... Најпознатата песна со која се проби е горе-долу battle песна пошто јади гомна за други рапери, бла бла (макар да скоро цела песна ни кажува кој е тој :)) Али сепак, Тони е брато шо го смени правецо на развивање на рапо во МК (зборувам за комерцијалата)...

Слаткаристика е ЦАР ВО ЛИРИКА И ФЛОУ... Можи не е ни тој цар на рапо, ама има страшен талент за пишување и склопување на стихој со мешани рими, и има страшно течно флоу... Од првенчево „Слаткаристика будало!“ нешто шо имам слушнато, има некои ептен south style траки (во поглед на музика), тотално различно од то шо го праеше претходно, ама ме бендиса шо не се смени таму кај шо е најдобар - лирика и флоу...

Green Out ги има најбрзите MC-иња во земјава... Имам слушнато и ептен јако freestyle, само незнам дали е вистина или не, за да бида ЦАРОЈ ВО FREESTYLE... Забеган е типацо од RNS, има уникатен глас за рапување... Инаку типциве си пука скрозЗ друг филм (во смисла на тематика), и се ориентирани повеќе кон живот и такви срања (и покрај појчето battle песничина шо ги има пуштено)...

Па според мене, било кој од Слаткаристика, Тони Зен или GreenOut заслужуваат титула ЦАР ВО РАПОТ мноооогу повеќе од Врчак...

То е то... Фала за инспирацијата! ;) Ова че си го напрам сега ко note... :)

26.2.09

Приказна за aдама, таТкото & ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ

Би пробал да раскажам една приказна:

Еднаш, мноогу одамна, уште од најстари времиња, од самите корени на цивилизацијата, си бил еден човек, кој по некоја случајност го крстиле Адам. Кога Таткото на Адам увидел какво величевствено дело создал, бил мноогу среќен... Арно ама, нешто фалело... Со текот на времето, Таткото забележал дека Неговиот Адам бил мноогу осамен... И покрај сите останати животни, на Адам му требало некое животно различно од останатите, а слично нему. И така, една вечер, Таткото го забрал Адама дома порано, му ги скршил ребрата, и од нив, направил животно токму по негова мерка. Со минијатурни разлики (кај кого како). Ова новосоздадено животно го нарекол Ева. Сега Адам бил комплетен, имајќи покрај себе животно слично нему. После чинот на создавање, Таткото му се извинил на Адама за ребрата, и му рекол дека кај да е, треба да стаса нова пратка, со нови, пософистицирани ребра, ами не од глина, туку од титаниум. Адама рекол дека ќе ги почека, и притоа прашал дали се произведуваат и титаниумски фиксирачи на мускули на ципи и областа околу нив. Таткото не му одговори ништо.

Кога Таткото заклучил дека овдешната работа е завршена, ги свикал Адама и Ева за да се збогува. Притоа, им рекол дека слободно можат да уживаат во сите благодети на животот, и да не се срамат од своите природни нагони... Но, напоменал и една мноогу важна работа: „ВО ЦЕНТАРОТ НА РАЈСКАТА ГРАДИНА, НА ВРВОТ НА ЗАБРАНЕТОТО ДРВО, НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ!“ - им рекол со навистина сериозен тон. Адам и Ева имале стравопочит кон Таткото, и му ветиле дека тоа нема да се случи. Така, Таткото се збогувал со своите чеда, уште еднаш му се извинил на Адама за ребрата (тоа беше и причината поради која Адама сега сериозно се зафати со дистрибуција на нови титаниумски фиксирачи со гумичка околу рабовите и ластик за подесување на притисокот... добар бизнис... на крај, му се исплатија тие неколку глупави, бескорисни глинени ребра, а и ја доби Ева - интересна занимација во моментите на досада).

Оттогаш Адам и Ева си живееле среќно и безгрижно... Но не до крајот на својот живот! (многу кратка би била приказнава ако напишам вака)...

Еден ден (мислам дека беше 14ти февруари), Ева (како припадник на понежниот пол) го нас'скала Адама да ја прошета низ Рајската Градина, баш околу Забранетото Дрво, и... евентуално, да и подари Забрането Овошје, затоа што уште тоа и фалеше во целата колекција на Рајски Плодови (инаку беше страстен колекционер на истите). Адам, како и секој друг маж, можноста да се докаже пред партнерката ја стави пред разумот и зборовите што Татка му ги остави на заминување веќе беа бледи шумови во неговите мисли, кои брзо исчезнуваа, па така, испразнет во главата, а наполнет во срцето, се испентери на Забранетото Дрво за да ја задоволи потребата на Ева. Ева пак, задоволно трепкајќи со трепките кои и се лепеа меѓусебе од премногу маскара, почна да ги трија рацете очекувајќи го последното парче на колекцијата за Пролет/Лето -5008 (читај МИНУС ПЕТ ИЛЈАДИ И ОСМО)...

Помина ден... Два... Адама сеуште го немаше да се врати... Ева беше загрижена дека можеби и некој друг пред неа би ја надополнил колекцијата, па беше гневна на Адама што сеуште не е вратен... По недела дена, седејќи така под Забранетото Дрво, ненадејно Ева ја погоди нешто мноогу тврдо на глава. Додека се освести, забележа дека всушност тоа е Забранетото Овошје! Возбудена, побрза да го разгледа... Тоа беше сребрен MacBook со гризнато јаболко на средината - логото на Apple. Во тој момент се почувствува премногу среќна поради фактот што токму овој лаптоп ја погоди по глава, а не некој потежок, а во краен случај и персонален компјутер. Така среќна, го грабна мекбуко' и си замина дома...

Адам пак, жалејќи по својот мекбук, се симна од врвот на Забранетото Дрво, и од првите негови гранки, скина еден Medison Celebrity Laptop , и продолжи пак да сурфа... Иако не беше навикнат на Windows, и досадните pop-ups кои јавуваат грешки во системот, или потреба од бесконечно доживотно upload-ирање на системот, сепак, тоа не го спречи да продолжи да сурфа на Facebook и да ги проширува своите пријателски кругови. Но, не знаеше дека и покрај сите злодела кои ги направи, спротивни на зборовите на Татка си, сепак, ова последново играше клучна улога во иднината на цел човечки род!

Кога Таткото разбра за она што се случило во Рајската Градина на 14ти февруари, начисто збесна, и почна да ги проколнува и казнува Адам и Ева за злосторствата што ги направиле. Запиша неколку казни:

  1. Зашто 14ти февруари беше датумот на кој ова непростливо дело е извршено, нека остане датум на кој цел машки род ќе биде приморан да се истрошува дури можи и не можи за да ги удоволи потребите на женскиот род!
  2. Затоа што Адам беше првиот кој го вкуси Забранетото Овошје, отсега натаму, 80% од машкиот род ќе се пали на програмски јазици, како C++, HTML, Action Script и тн., а пак своите природни нагони ќе ги задоволува преку разноразните страни на интернет (т.е. ќе мириса цвеќиња со гас-маска)!
  3. Затоа што Macintosh беше првото вкусено Забрането Овошје, отсега натаму, ќе биде нашминкано, убаво, но скапо... и за кредит кој ќе го исплаќаш доживотно, ќе добиваш слаби карактеристики, а одлична шминка!
  4. Затоа што Ева беше втората која го вкуси Забранетото Овошје, отсега натаму, ќе страда заради немање на кандидати за задоволување на нејзините природни нагони (последица на казната бр.2)!
  5. Затоа што некојси друг лаптоп што не е од браншата Apple е второто Забрането Овошје кое беше вкусено при грозниот чин, нека биде достапен за секого, но да има толку многу никаков оперативен систем што би му ја вадел душата на секој корисник!
  6. Затоа што Facebook беше алатката со која се помагаше изведувањето на овој чин, нека остане страна која ќе ги зароби луѓето во виртуелен свет, во кој ќе бидат осудени да го посетуваат секој божји и небожји ден, да гледаат слики од било кој без разлика дали го знаат или не, да го менуваат статусот на секои 5 минути, да престануваат секакви физиолошки и нефизиолошки процеси при звукот на досадното „клак“ кое свири кога некој ти пишува на Facebook, да се дружат и пијат кафе на Facebook, и сето ова ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ!

Кога Адам и Ева го прочитаа новосоздадениот Устав од Таткото, им беше јасно дека нивните животи веќе нема да бидат исти како порано...

Но, не тажеа за тоа... Напротив!

Истерани од рајската градина, нечисти, мрсни, гнасни... Разделени еден од друг... Со своите плодови во едната рака, кафето во другата, деноноќно се дружеа на Facebook и се чувствуваа поблиски од кога и да е!

P.S. Среќно, до крајот на нивниот живот!

1.2.09

Пак, и пак, и пак...

Уфф.. Одамна го немам праено' ова... Можда и имам заборавено, али... Еве ме... Ми дојде желба да чкртнам нешто... Пак... Како во старите добри времиња :)

Повторно јас и онаа моја позната несоница... Ама овој пат, покрај то' шо' спијав до 4 одручек, има и друга, поглавна причина зошто ме фати овој стадиум чија последица е мојата креативност/желба да напишам нешто во врска со тоа... Причината е ерупција... Вулкан... Вулкан од измешани емоции... Смеење, тага, ретроспектива на се' она досега... Солзи... Незнам... Можда' на оваа тема најдобро се испразнив на текстот „Игри без граници“, посветен на Тоше (Бог да го прости)... Но, сеуште ме држи една мала мисла, ме скокотка... Ми вели, „напиши уште нешто... и уште нешто...“ И... Се до бескрај... Сфаќам, животот не може да се опиши во 5 реченици, 5 пасуси, 5 раскази, романи... Хех, нема да го собери ни во 5 ебени Great Library ако ме прашаш мене... Нејсе, можда' и да бидам контрадикторен на самиот себеси, али' целта на текстот спомнат пред малку, беше сосем различна од оваа... Гледано од аспект на реализација на поврзаноста инспирација-изведба-цел, себично си го фалам делото... Гледано од тематски аспек...хмм... 
Томи, чепкаш во мноогу голема пченица шо' неможиш да ја исркаш... Ни ти, ни Маестро Достоевски, ни Лепотан Бајрон...

После се, ЖИВОТОТ, е преголем за сечие објаснување...

Среќен сум...
И уште ми се мешаат мисливе... Само препорака, и се' ви станува јасно...
Гледајте го The Bucket List...

Најблиско „нешто“ кое допрело до ЖИВОТОТ...


А јас си крцкам... 
И му пеам: Roll on, roll on rollercoaster... We're one day older, and one step closer...

25.7.08

Јас и мојата несоница...

Часот е 05:01 наутро… Пред малку испив 0.5 литри несквик и напишав текст под наслов „Јас и мојата несоница“… По одредено време сфатив една работа – ако не можеш да го победиш непријателот – придружи му се… И тоа го направив… Па… ДОБРЕДОЈДЕ НЕСОНИЦЕ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! :-)

Го дочекав точно… (со потешкотии заради единственото осветлување од мониторот го барам и го стегам копчето Cal со сликичка на дигитрон од тастатурата, пресметувам 365x19) и... ТА-РАМ! Го дочекав точно шест илјади деветстотини триесет и петтото (6935) изгрејсонце во мојот живот... Колку од овие изгрејсонца сум бил жив – не можам да кажам...

Од моментот на пишување на следните бројки останува уште точно 01:53 до заминувањето Охрид... Треба да биди забавно... Верувам во тоа...


Ако има некои прашања, повелете...

Нема?

ОК...



До наредно видување...




(ја придвижувам стрелката во горниот лев агол, кликнувам на копчето со дискета на него, пишувам “19”, кликам Save...)

5.6.08

Мал пример за информатичкиот тренд во нашата земја...

Download Day 2008
Колкава е само разликата меѓу нас и некој од нашите соседи... Ц-ц-ц-ц-ц... СраАамота е...

11.5.08

ГИМ бр.30 се ближи...

ГИМ бр.30 е при крај со изработката!!!


29.3.08

Остварување на Вашите соништа - Пост за портаење!!!


(клик за поголем формат)



Портарница [Final Cut] (Produced by elteYx) - TJ

*репликата „роко тркачот...“ е превземена од театарската претстава „оскар“ што премиерно ќе се одигра во просториите на домот на културата марко цепенков, на 20ти мај (вторник), со почеток во 20:00 часот... присуството е задолжително!!!

8.2.08

Црвчиња


Има денови во кои седам вака, се пулам' во тастатурава, слушам некоја тврда музика која ми ги пара тапанчињава, чувствувам како копаните шо' предмалку ги јадев „спаѓаат“ во стомаков, тепам време по месинџер и паралелно главоболкава ме убива, а нафтата ми врие во желудников...и во мозокот...паралелно...

...а да... и си ги хранам црвчињата во најдлабокиот дел на мојот хард-диск... нека ги...

Е, во тие денови, ми идат мисли (не би ги нарекол негативни) за шаблонот на функционирање на нашиов овдешен животен стил, со сите предности (!?!) и недостатоци... Можда' ова шо' го пишувам е последица на збиднувањата во мојата „работна“ околина, ама сеуште не сум сигурен за да го потврдам ова мислење... Така да, сето ова шо' го читате сфатете го како глупа' филозофија на секојдневието...

Сите кои ме хранеа со бензинот пред да го распалам овој оган би ги поистоветил со црвот, кој и тебе ти јади од хард-дискот...

Да разгледаме малку:

  • Црвот е направен од друг, за да му наштети на твојот компјутер, а преку тоа да ти наштети и тебе.
  • Пакостите на црвот можеш да ги осетиш најчесто ненамерно, од радозналост, од експонирање, или заради тоа што си направил некое добро дело по кое сите те знаат.
  • Кога еден црв се вгнездува во твојата околина, го споделува задоволството со останатите другарчиња.
  • Црвот толку добро се адаптира на средината што просто е невозможно да го препознаеш меѓу останатите.
  • За да го препознаеш и избркаш црвот, ти треба некој добар „детектор за црвја“. Практично - таков и не постои.
  • Црвот со неговите глупости ти го одзема најзначајното нешто во твојот живот - времето.

Има уште еден куп слични карактеристики кои би ги набројувал, само немам време...

Пробав да се борам со црвјата и да ги избркам... Ама поради фактот што нивниот број е ненормално голем, а нивната ефикасност ненормално.....ефикасна, најдов покреативен начин да се справам со нив - ГИ ХРАНАМ!

И додека ти млад читателу, го трошиш времето на овие неколку реда пишана литература, размислувајќи како понатаму со своите проблеми, нападнат од црвчиња (свесно или несвесно)...немој да си се зафатил со блогирање - ризично е.

Бај д' веј, им благодарам на сите оние кои ми го ширеле маркетингот во погорните редови во институцијата без мое знаење, без да направам било каква активност.

Се читаме наскоро...
А јас одам да пијам нафта... и да земам храна за црвја...

28.12.07

ИНСПИРИРАНО ОД НЕИНСПИРИРАЧКАТА ДОСАДА НА НАШАТА ЗАБАВНО-ЧУДНА РЕАЛНОСT

Бо, бо, бо...
Се чувствувам некако... Шознам...
Позатуцан не сум се чувствувал... Добро де, мож' сум се чувствувал, ама ај... :)

Ј*бига... Немам шо' да праам... Онака ми е...
Последен ден од пола-учебна година...
Се думам шо' да пишувам...

Нешто за мене... Јас во изминатата 2007?
Пфф... Се смеам... И онака излегов од мода :P... Немам друга работа па овде да ја истурам мојата синусоидна функција f(емоции x ratio), чиј график е не непрекинато калдрмаст на интервал (-бесконечност; 28 декември], туку со мали прекини и дрифтања кај јануари, март, јуни, јули, октомври (можда' заборавив некој месец), во чии интервали левиот лимес шиба' рапидно во +бесконечност, а десниот контра удолу' во -бесконечност...*
Али у к*рац... И покрај се', писмената по математика ми беше 4ка не заради тешки срања со бесконечности, туку заради то' шо често сум глуп, и заради глуп корен од 3то одд...
Е ајде де... Не боли...

Ај едно резиме на полугодиево...
Учебна ко учебна... Последна-најлесна, така велат барем... Така и испадна (со мали/големи заебанции на пола-крајот, кој како перцепира - индивидуално). Се думам нешто поконкретно, шо' би ги опишало овие 4 месеци... Ми се врти во главава државната матура и сета таа фама околу неа... Ама у к*рац нека иди и државна матура и се'... Преку гла' ми е од то'... Полагаме-полагаме... Одиме во Европа-к*р одиме, ама ај... И најпосле ми блицна сијалицава, и најдов баш то' шо' веродостојно, со голема доза на реален-семи-иронизам, стилски во терк со модерната евергрин литература, би го опфатила нашиот „прекрасен“ тинејџерско-образовен живот.

Вели вака:
*

ИНСПИРИРАНО ОД НЕИНСПИРИРАЧКАТА ДОСАДА НА НАШАТА ЗАБАВНО-ЧУДНА РЕАЛНОСT


Тралала Сама си го барала!!! Си го нашла или не??? Прашање е сега.
А дали е задоволна од то шо си го нашла?

Е... Во следната епизода на „Та шо си го барала“

Е, та си го нашла з’ш ајфеловата кула желе служела. А мадриганите со хацајски кокоси табла играле. Rolandihno со Лепотицата, оти бабами пија ракија и директоро јади г*мна трици и слама. Глоцева пишува, јагодите растат, а снегот пајџа. Ланецот е сив, шупата зелена а нашата тага долга и заеднички делена. Шалот и беше црн, забите жолти големи а cannabis-от мирисаше наоколу. Слаткарницата со слатките з’ш Рамбо е појак од Терминатор, А Буш во грмушката – КАКА. Милан има Митре, Ангеле, Марија, Стојмирка, свите, з’ш скопјанчишчана дечкото го гледал. А јас мислам на ајвар со сирење. Пере зуиииии... Пере пука... Прашината валка. The Secret владее со светот на пантомимата. Прилеп тоне, во шлаг од цименто. А смеата на жабите и мирисот на луѓето се ширеше низ нашиот К.П. Дом. Протрезите од мармалад со вкус на лути пиперчина во Аудито. Ливадата се портокалосува, трнорушките зеленеат. Нашиот xXx брка мажи.

Е се е така нормално, секојдневно, досадно Кај нас.

(со мали исклучоци)


То е то... Сега ме смрзи...
За крај, нека ни е среќна и бериќетна оваа 2008 година, и нека...(се пулам' во саатов - 16:16... аааа... има нешто овде)...и нека ни донесе здравје и успех во учењето, а на старите успешно работење...

Ај бе доста е, у к*рац...

_____________________________________________
*
види математика за 4та година, тема 1: низи и прогресии; тема 2: функции. гранични вредности на функции.

**
ОГРОМНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО АВТОРОТ НА ТЕКСТОВ ЗАРАДИ НЕОДОБРЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИСТИОТ.
ДЕНЕС СИТЕ КРАДАТ, И НИКОЈ НИКОГО НЕ Е*И.
ЈАС СУМ ВО КАТЕГОРИЈАТА:поштенилујџе И КАЖУВАМ ДЕКА ОВА СИЛНО СРАЊЕ НЕ Е МОЕ ДЕЛО (без разлика дека би сакал).
АКО ИМА РЕАКЦИЈА, ТЕКСТОТ ЌЕ БИДЕ НАВРЕМЕНО ОТСТРАНЕТ ОД ОВОЈ БЛОГ САМО ЗАРАДИ ПОШТОВАЊЕ (писатело' ми е дамнешен колега, пријател).
ИМЕТО НА АВТОРОТ ЌЕ БИДЕ ЗАЛЕПЕНО ДО ТЕКСТОТ ДОКОЛКУ ТАКА БИДЕ ПОБАРАНО ОД ИСТИОТ.
2007, All Rights Reserved.

25.10.07

Игри без граници



Прва светлина... Длабоко во зениците кои полека испливуваат на површина... Магла... Заматени силуети...
Прв здив... Задушна гласност... Во повторливо ехо нежно ги растреперува усните...
Прв воздух... Здив по здив... Кревко ширење на градите...
Прв биеж на срцето... Тупот по тупот... Нов живот...




Први зборови... Нејасни, а сепак толку топли, блиски... Насмевка... Сјај во очињата...
Прв самостоен обид... Едното ноџе, па другото... Во сладок ритам, треперат...
Прв падеж... Ноџе под ноџе... Збунета насмевка...
Прва мисла... Коцка по коцка... Висок замок...




Прв успех... Влажната трева скокотливо грепка по кожата... Обид по обид... Гол!
Прва болка... Гребнатина под коленото... Капка крв паѓа кон ровката земја...
Прво пријателство... Збор по збор... Плодно семе...
Прва кавга... Викот по викот... Горка душа...




Прва гордост... Труд зад графитното црнило на секоја повлечена линија на рапавиот лист... Куќичка... Петка на рака...
Прв срам... Стих по стих... Збунетост од сите вперени погледи, заборав, плеткање на јазикот...
Прва љубов... Поглед по поглед... Бакнеж во образ...
Прво споделување... Залак по залак... Топло срце...




Први знаци... Чудни црвени точки никнати на мекото лице... Влакно... Струганици на гласните жици...
Прво разочарување... Упатен топол поглед... Невозвратен во иста мера...
Прва борба... Обид по обид... Добиена битка...
Прва награда... Капка по капка... Прво место...









Се почнува со плач...
Но... Зар се и завршува со плач?
Зар...

Зар тоа е животот? Еден обичен циклус на достигнувања и падежи... На смеа и плач?
Еден куп спомени кои се плеткаат околу погледот кон минатото...

Еден куп солзи...
Тажни...
Весели...

Да, но...
Сите тие солзи... И веселите... И тажните...
Сиот тој труд е можеби сам за себе напорен, и понекогаш небитен...
Но сето тоа е она што го гради животот...
Што го менува...

Што го движи светот...
Де напред...
Де назад...

Свесно или несвесно, ти имаш свој удел во тие промени...

Дали туркаш кон напред, или влечиш кон назад, тоа е твое право на избор... Избор кој, сепак, е битен и се рефлектира врз наредните поколенија, врз нашите чеда, врз нашата крв...

Зошто да не одиме заедно кон тоа „напред“?

Веќе видовме, тоа „назад“ не чини...
Нé боли...
Бегаме...

Зошто да не се потрудиме да се водиме по патоказите кон вера, љубов и надеж...
Да правиме добро...
Како и другите што прават...
Како и другите што правеа...

Да, животот е тешка игра... Игра, во која има доста падежи... Но, сепак... Тие ти даваат искуство... Тие те прават посилен човек...

На секој падеж, стани... Така е најдобро...

Така најдобро можеш да му се оддолжиш на оние зад тебе, и да му поклониш на оние пред тебе...

Не се плаши од животот...
Заиграј со него...

Заиграј најдобро што можеш во тие игри без граници...

Како што некој тоа го правеше...
Со љубов...
Со срце...


Најдобро од сите...





Твојте бакнежи на мојте бели кошули (со Тамара) [Постхумна изведба] - Тоше Проески

10.9.07

Enjoyable Sorrow


ENJOYABLE SORROW

I feel it...
I feel it for so f*ckin' long...
I feel it inside me...

It flows inside my blood...
It messes up inside my head...
It blows my mind off...

I feel it...
The darkness is growing,
Puttin' me in the shadow...

Me...
My senses...
My feelings...

I feel the darkness,
But it's sunny outside...
It's f*ckin' sunny outside...

Is anything so pure and clean,
Like they say it's so...
Or everything is just a f*ckin' image,
That only blind eyes can see it real, though...

Is anybody out there,
Who can speak the language of the soul?
Who can run along with the spirit
And don't play someone else's role...

Or everyone is a product
Of the unstoppable nature,
Of the mankind's curse...

************************

I can feel it inside me,
But can it feel me, first?

Can it?

Searching for an answer,
Searching in my mind,
Searching in my soul...

Am I so blind?
Wait, I saw it!
But I can't find it anymore...

I feel it...
I feel it for so f*ckin' long...
I feel it...

- извадок од...

8.8.07

1000 посети ZaTomi.blogspot.com

Ц-ц-ц-ц-ц-ц-ц... Срамота...

Само што ја прекршивме 1000...
1000 посети...
1000 пати zatomi.blogspot.com...


А јас... Ни збор да зуцнам...
Ц-ц-ц-ц-ц-ц-ц...


Епа незнам шо' да речам...
Аирлија нека е... Нека се множат...

Наскоро нешто ново...

Мора...


ПоzZ

3.7.07

19.5.07

Парфем

Љубовта е...
Излишно е да го „дефинирам“, да го ограничам значењето на овој збор со некоја глупава филозофска мисла...


Потрагата по љубов... Хмм...
Тесно поврзана со убавината...
И не... не мислам на онаа „убавина“ која „се мери“...
Не мислам на онаа „убавина“ која ја гледаш и ти пробудува неколку хормончиња...
Не мислам на онаа „убавина“ речена само како збор...
како... празен збор...


Отприлика, волшебната моќ на онаа „вистинската убавина“ е срцето, главна есенција на сета таа моќ што ја дава љубовта...

„What delights us in visible beauty is the invisible.“
Marie von Ebner-Eschenbach

На што се е способен човекот за да го добие „Парфемот на љубовта“...
На што се е способен човекот кога е поведен од „Парфемот на љубовта“...

Смешно е ова чувство да се „врами“ во неколку пасуси испишан текст... Невозможно...

Уште мислите дека тропам глупости?
Мислите дека сето ова е некаква си метафора за искуствата од мојот личен живот?

Се лажете...

Само...

Појдете до најблиската библиотека... Побарајте ја книгата „Парфем“ на Патрик Зускинд...

Исто така и филмската адаптација на книгата доста веродостојно ја прикажува нејзината душа... Доколку немате/не сакате фантазијата да ви го разбранува мозокот...

П.С. (за оние што ќе се решат да ја читаат книгата)
Кога ќе ја завртите и последната страница од книгата...
Прашајте се: „
Дали беше добра?“...
и...
почувствувајте ја глупавата, магична опијанетост во вашите „избуричкани“ мисли...

П.П.С. Еве го и трејлерот за филмот:


благодарам...

28.4.07

2love vs. 2true

...случајно ги читав коментарите во првиот пост (Feel Free...)...
...се запрепастив од... мене (?!?)...
како прв пат да го читам ова...
и да се согласам со „туѓото“ мислење...
.................................................................................................

(10 март, 2006 11:48) Anonymous said...

Koga zivotot stanuva gorcliv i nema veke sto da se napravi, zosto se e napraveno, zarem ljubovta nemoze da ne spasi? Zosto Tomi nikogas ne zboruva za toa?

****************************************************************************
(11 март, 2006 02:37) Tomi said...

А зошто пак да се живее со мислата дека животот е горчлив? Напротив, јас конкретно, секогаш се разбудувам со мислата дека животот е убав! (макар и да не е...)

А и зошто да се живее со мислата дека се во животот е направено? А, всушност, шо' е животот? Која е целта на живеењето, кога, сите на крај краева - умираме? Зошто се да е направено, кога има толку многу работи да се направат, толку многу шо' само човековиот ум може да си замисли? (забегав малку, а?...)

А, шо' ако, таа љубов којашто мислиш дека треба да се спаси, е само еден сладок спомен со кој заспиваш, и со кој се будиш наутро? Или пак, еден мал дел сеуште останат копнеж, кој истовремено, и ти е толку мил и сакаш што поблиску да му пријдиш, и ти влева страв во душата кој те тера да бегаш што подалеку од него?

Што ако живееш во свет, со мисла, која еден ден ти дава лажна надеж, дека се можи да биди како шо' сака срцето, а одма другиот ден, го живееш животот разумно, и сфаќаш дека надежта е обично срање кое е дел од твоето секојдневие? Надежта ја сфаќаш едноставно така, само како поим, а животот го живееш по разумот, по некојси шаблон за среќа (ако веќе постои таков...)? Свесен дека е обичен, никаков шаблон, а сепак, те исполнува и те прави задоволен...

P.S. ААУУФФФ... Шо' ме терате да тресам глупости вака ко' че сум расположен во два ' и ' пoол' сато' после чаршија петок навечер??? Баравте??? Епа, ЧЕ ВЕ ТРУЈААМММ!!! :))

.................................................................................................

забегано... :-) а... вистинито... до негде...

2love, не мислиш?... ;-)
...или треба да се обратам до 2true?...

nobody knows...

25.2.07

...

no one dies a virgin.
LIFE SCREWS US ALL!

31.1.07

Време vs. Рани


ДАЛИ ВРЕМЕТО
НАВИСТИНА ГИ ЛЕЧИ СИТЕ РАНИ???

19.1.07

но титле :)))

pпа .. дрфгаги мој нареоде... вечерба, успешбно префрклив од макденоска на ,,, уствари од англиска на македноска ордттшка... па пишѕважн.м.....

ВЕЧЕРВА, ИЛИ ОТКРИВ ДЕКА ИМАМ А БЕАУТИФУЛ МИНД... ИЛИ ДЕКА СУМ ПСИХГИЧКИ ВАМУ=ТАМУ......................... МЕ СФАЈЧАТЕ ??? :-)

Која сака нека коментирра... ммеене ич таквото не ме боли зат емава. :-)

11.1.07

MyTh - Засекогаш во срцето мое

"Засекогаш во срцето мое"

Длабоко срање шо ме погоди во срце... Директно... Браво за MyTh!
Читајте и коментирајте овде.
Или „симнете ја“ ДЕМО матрицата овде.

10.1.07

на барање...

quote>>>"...seirot narecen patronat na gimnazijata mirce acev od konopiste t.e. prilep..."


p.s. ...ок е?

9.12.06

Анти-Турбофолк забава

И покрај се, Прилеп сепак знаел да се забавува и без Турбо-Фолк... Беше ризично, ама битна... Благодарам.

23.10.06

Балканистика

Something new... демек...

Yeah... I cannot describe the feeling when you're learning something new... Something different... When you know that there are other things out there, but are buried inside you... And at the moment, you dig them out... And you learn them, but at the same time, you have the feeling that you've already known them...

Доста филозофирање... Бев на ексурзија 6 дена... Будва, Омиш, Дубровник, Шибеник, Сплит, Загреб, Белград... И убо’ си поминав...

Крка, мрка, национални паркови, Плитвички Езера, Вакви Езера, Такви Езера, Ваквки Реки, Онакви Реки... Убо' се... Само, на друго би задржал акцент на постчево... За овие убајниве' че' закачам слики на hi5 во блиска иднина...

Добро бе, кој никаков народ беше то, за едно 30-40 динари да те праj' глуп бе... Абе, да се мочам и во динари и во се, ај биле - заминале... Ама да те прај
глуп бе! Е, то' не толерирам...

Ко' че' размислам подобро, иста сорта сме... Тие шо’ не фатило Турското троа' појче’... За разлика таму горе, посевероисточно, друг воздух диша
бре... Друго сонце греј' таму... Алал да му е... Историјата само потврдува дека од исклучителна важност е да ја учиме (жими к*ров)... Австро-Унгарското влијание довело до многу поаристократско однесување, пофин народ, по... Абе се по по...

И така.. Ова можи да оди до бескрај... Не сакам никој да навредам, само ги искажувам своите импресии од гореспоменатата ексурзија... Па, балкански народи... Подумајте' се уште малку... А јас че' одам да спијам...

Asta la vista...

29.8.06

там-там! go ahead be gone with it! рам-там

Ехехехееееееејјјј.... Моето блогченце... Again... Одамна го немам видено :-)))... Ок.. да преминам на главното... да си ја изгаснам жедта :-P....



Го знаете типацов, а??? Ама не ми се пишува за него.. Туку за...

Sexy Back...

Кога ја слушнав песнава прв пат, ми беше... безвеза... Не ни знаев дека Justin ја пее... A кога дознав, ми изгледаше уште по-безвеза...
Си реков - заеби....

Ја слушнав уште еднаш...

И уште еднаш...

И... уште еднаш...........

И сега не можам да го оттарасам она „там-там! go ahead be gone with it! рам-там...“ Ептен заразен бит има песнава... Се гледа Timbaland дека е царче... Само.. Муабетов ми беше не да ја фалам песнава, туку... да забележам дека продуцентов го промашил стилот... Баш песнава би звучела 100 пати по... ебачки... ако била dance верзија... house... лесен house... А, патем... и битовите не се распоредени као за хип-хоп, r&b срање... само, поздрав за експериментирањето.... Кул песниче, во секој случај... настрана изведувачот.... Не мислите?