Пребарувај по блогот

25.10.07

Игри без граници



Прва светлина... Длабоко во зениците кои полека испливуваат на површина... Магла... Заматени силуети...
Прв здив... Задушна гласност... Во повторливо ехо нежно ги растреперува усните...
Прв воздух... Здив по здив... Кревко ширење на градите...
Прв биеж на срцето... Тупот по тупот... Нов живот...




Први зборови... Нејасни, а сепак толку топли, блиски... Насмевка... Сјај во очињата...
Прв самостоен обид... Едното ноџе, па другото... Во сладок ритам, треперат...
Прв падеж... Ноџе под ноџе... Збунета насмевка...
Прва мисла... Коцка по коцка... Висок замок...




Прв успех... Влажната трева скокотливо грепка по кожата... Обид по обид... Гол!
Прва болка... Гребнатина под коленото... Капка крв паѓа кон ровката земја...
Прво пријателство... Збор по збор... Плодно семе...
Прва кавга... Викот по викот... Горка душа...




Прва гордост... Труд зад графитното црнило на секоја повлечена линија на рапавиот лист... Куќичка... Петка на рака...
Прв срам... Стих по стих... Збунетост од сите вперени погледи, заборав, плеткање на јазикот...
Прва љубов... Поглед по поглед... Бакнеж во образ...
Прво споделување... Залак по залак... Топло срце...




Први знаци... Чудни црвени точки никнати на мекото лице... Влакно... Струганици на гласните жици...
Прво разочарување... Упатен топол поглед... Невозвратен во иста мера...
Прва борба... Обид по обид... Добиена битка...
Прва награда... Капка по капка... Прво место...









Се почнува со плач...
Но... Зар се и завршува со плач?
Зар...

Зар тоа е животот? Еден обичен циклус на достигнувања и падежи... На смеа и плач?
Еден куп спомени кои се плеткаат околу погледот кон минатото...

Еден куп солзи...
Тажни...
Весели...

Да, но...
Сите тие солзи... И веселите... И тажните...
Сиот тој труд е можеби сам за себе напорен, и понекогаш небитен...
Но сето тоа е она што го гради животот...
Што го менува...

Што го движи светот...
Де напред...
Де назад...

Свесно или несвесно, ти имаш свој удел во тие промени...

Дали туркаш кон напред, или влечиш кон назад, тоа е твое право на избор... Избор кој, сепак, е битен и се рефлектира врз наредните поколенија, врз нашите чеда, врз нашата крв...

Зошто да не одиме заедно кон тоа „напред“?

Веќе видовме, тоа „назад“ не чини...
Нé боли...
Бегаме...

Зошто да не се потрудиме да се водиме по патоказите кон вера, љубов и надеж...
Да правиме добро...
Како и другите што прават...
Како и другите што правеа...

Да, животот е тешка игра... Игра, во која има доста падежи... Но, сепак... Тие ти даваат искуство... Тие те прават посилен човек...

На секој падеж, стани... Така е најдобро...

Така најдобро можеш да му се оддолжиш на оние зад тебе, и да му поклониш на оние пред тебе...

Не се плаши од животот...
Заиграј со него...

Заиграј најдобро што можеш во тие игри без граници...

Како што некој тоа го правеше...
Со љубов...
Со срце...


Најдобро од сите...





Твојте бакнежи на мојте бели кошули (со Тамара) [Постхумна изведба] - Тоше Проески