Пребарувај по блогот

18.9.09

...there is always hope!


Се стемнува...

Меланхолично расположение, придружено со меланхолични ноти... Не можам да кажам кое на кое е последица... Битно се сложуваат... онака, хармонично...

И така, си типкам на тастатурава, не мислејќи на ништо... Ми се чини дека од ден на ден, се попразни и попразни ми се мисливе низ главава... Можда' затупувам... Можда'...

И постојано се губам во некои новородени идеи кои не ја виделе светлината на овој свет... Идеи кои во секој момент ми навираат... А зошто ги кочам, зошто ги оставам притиснати... Е то' појма немам... Знам дека не е заради некоја друга попаметна работа...

Не знам ни шо' би требало да следи после ова пишаново... Изгледа завршува вака, оставајќи го читателот заебан шо' всушност почнал да го чита ова... Напразно потрошени 2 минути читање на заебани искази на еден моментално заебано расположен... како сакаш дефинирај ме... :)