Пребарувај по блогот

19.5.07

Парфем

Љубовта е...
Излишно е да го „дефинирам“, да го ограничам значењето на овој збор со некоја глупава филозофска мисла...


Потрагата по љубов... Хмм...
Тесно поврзана со убавината...
И не... не мислам на онаа „убавина“ која „се мери“...
Не мислам на онаа „убавина“ која ја гледаш и ти пробудува неколку хормончиња...
Не мислам на онаа „убавина“ речена само како збор...
како... празен збор...


Отприлика, волшебната моќ на онаа „вистинската убавина“ е срцето, главна есенција на сета таа моќ што ја дава љубовта...

„What delights us in visible beauty is the invisible.“
Marie von Ebner-Eschenbach

На што се е способен човекот за да го добие „Парфемот на љубовта“...
На што се е способен човекот кога е поведен од „Парфемот на љубовта“...

Смешно е ова чувство да се „врами“ во неколку пасуси испишан текст... Невозможно...

Уште мислите дека тропам глупости?
Мислите дека сето ова е некаква си метафора за искуствата од мојот личен живот?

Се лажете...

Само...

Појдете до најблиската библиотека... Побарајте ја книгата „Парфем“ на Патрик Зускинд...

Исто така и филмската адаптација на книгата доста веродостојно ја прикажува нејзината душа... Доколку немате/не сакате фантазијата да ви го разбранува мозокот...

П.С. (за оние што ќе се решат да ја читаат книгата)
Кога ќе ја завртите и последната страница од книгата...
Прашајте се: „
Дали беше добра?“...
и...
почувствувајте ја глупавата, магична опијанетост во вашите „избуричкани“ мисли...

П.П.С. Еве го и трејлерот за филмот:


благодарам...