Пребарувај по блогот

8.2.08

Црвчиња


Има денови во кои седам вака, се пулам' во тастатурава, слушам некоја тврда музика која ми ги пара тапанчињава, чувствувам како копаните шо' предмалку ги јадев „спаѓаат“ во стомаков, тепам време по месинџер и паралелно главоболкава ме убива, а нафтата ми врие во желудников...и во мозокот...паралелно...

...а да... и си ги хранам црвчињата во најдлабокиот дел на мојот хард-диск... нека ги...

Е, во тие денови, ми идат мисли (не би ги нарекол негативни) за шаблонот на функционирање на нашиов овдешен животен стил, со сите предности (!?!) и недостатоци... Можда' ова шо' го пишувам е последица на збиднувањата во мојата „работна“ околина, ама сеуште не сум сигурен за да го потврдам ова мислење... Така да, сето ова шо' го читате сфатете го како глупа' филозофија на секојдневието...

Сите кои ме хранеа со бензинот пред да го распалам овој оган би ги поистоветил со црвот, кој и тебе ти јади од хард-дискот...

Да разгледаме малку:

  • Црвот е направен од друг, за да му наштети на твојот компјутер, а преку тоа да ти наштети и тебе.
  • Пакостите на црвот можеш да ги осетиш најчесто ненамерно, од радозналост, од експонирање, или заради тоа што си направил некое добро дело по кое сите те знаат.
  • Кога еден црв се вгнездува во твојата околина, го споделува задоволството со останатите другарчиња.
  • Црвот толку добро се адаптира на средината што просто е невозможно да го препознаеш меѓу останатите.
  • За да го препознаеш и избркаш црвот, ти треба некој добар „детектор за црвја“. Практично - таков и не постои.
  • Црвот со неговите глупости ти го одзема најзначајното нешто во твојот живот - времето.

Има уште еден куп слични карактеристики кои би ги набројувал, само немам време...

Пробав да се борам со црвјата и да ги избркам... Ама поради фактот што нивниот број е ненормално голем, а нивната ефикасност ненормално.....ефикасна, најдов покреативен начин да се справам со нив - ГИ ХРАНАМ!

И додека ти млад читателу, го трошиш времето на овие неколку реда пишана литература, размислувајќи како понатаму со своите проблеми, нападнат од црвчиња (свесно или несвесно)...немој да си се зафатил со блогирање - ризично е.

Бај д' веј, им благодарам на сите оние кои ми го ширеле маркетингот во погорните редови во институцијата без мое знаење, без да направам било каква активност.

Се читаме наскоро...
А јас одам да пијам нафта... и да земам храна за црвја...