Пребарувај по блогот

25.10.07

Игри без граници



Прва светлина... Длабоко во зениците кои полека испливуваат на површина... Магла... Заматени силуети...
Прв здив... Задушна гласност... Во повторливо ехо нежно ги растреперува усните...
Прв воздух... Здив по здив... Кревко ширење на градите...
Прв биеж на срцето... Тупот по тупот... Нов живот...




Први зборови... Нејасни, а сепак толку топли, блиски... Насмевка... Сјај во очињата...
Прв самостоен обид... Едното ноџе, па другото... Во сладок ритам, треперат...
Прв падеж... Ноџе под ноџе... Збунета насмевка...
Прва мисла... Коцка по коцка... Висок замок...




Прв успех... Влажната трева скокотливо грепка по кожата... Обид по обид... Гол!
Прва болка... Гребнатина под коленото... Капка крв паѓа кон ровката земја...
Прво пријателство... Збор по збор... Плодно семе...
Прва кавга... Викот по викот... Горка душа...




Прва гордост... Труд зад графитното црнило на секоја повлечена линија на рапавиот лист... Куќичка... Петка на рака...
Прв срам... Стих по стих... Збунетост од сите вперени погледи, заборав, плеткање на јазикот...
Прва љубов... Поглед по поглед... Бакнеж во образ...
Прво споделување... Залак по залак... Топло срце...




Први знаци... Чудни црвени точки никнати на мекото лице... Влакно... Струганици на гласните жици...
Прво разочарување... Упатен топол поглед... Невозвратен во иста мера...
Прва борба... Обид по обид... Добиена битка...
Прва награда... Капка по капка... Прво место...









Се почнува со плач...
Но... Зар се и завршува со плач?
Зар...

Зар тоа е животот? Еден обичен циклус на достигнувања и падежи... На смеа и плач?
Еден куп спомени кои се плеткаат околу погледот кон минатото...

Еден куп солзи...
Тажни...
Весели...

Да, но...
Сите тие солзи... И веселите... И тажните...
Сиот тој труд е можеби сам за себе напорен, и понекогаш небитен...
Но сето тоа е она што го гради животот...
Што го менува...

Што го движи светот...
Де напред...
Де назад...

Свесно или несвесно, ти имаш свој удел во тие промени...

Дали туркаш кон напред, или влечиш кон назад, тоа е твое право на избор... Избор кој, сепак, е битен и се рефлектира врз наредните поколенија, врз нашите чеда, врз нашата крв...

Зошто да не одиме заедно кон тоа „напред“?

Веќе видовме, тоа „назад“ не чини...
Нé боли...
Бегаме...

Зошто да не се потрудиме да се водиме по патоказите кон вера, љубов и надеж...
Да правиме добро...
Како и другите што прават...
Како и другите што правеа...

Да, животот е тешка игра... Игра, во која има доста падежи... Но, сепак... Тие ти даваат искуство... Тие те прават посилен човек...

На секој падеж, стани... Така е најдобро...

Така најдобро можеш да му се оддолжиш на оние зад тебе, и да му поклониш на оние пред тебе...

Не се плаши од животот...
Заиграј со него...

Заиграј најдобро што можеш во тие игри без граници...

Како што некој тоа го правеше...
Со љубов...
Со срце...


Најдобро од сите...





Твојте бакнежи на мојте бели кошули (со Тамара) [Постхумна изведба] - Тоше Проески

14 коментари:

Анонимен рече...

no comment... samo edno ke kazam BRAVO Tomi ;)

Unknown рече...

фала фала ;)

yoxx рече...

Still looks great

Анонимен рече...

za zal duri i koga se smeeme iskreno od srce se smeeme niz solzi...

Анонимен рече...

„ Зошто да не се потрудиме да се водиме по патоказите кон вера, љубов и надеж... “

Ова од некаде познато ми е?! (^_^)

Патем како шо` ти кажав текстов е феноменален, после некокупатно (лоОол зборов :) ), го разбрав, и да` многу си во право . . . И плус ме инспирираше да напишам еден мој, али сличен стил како твојов.

. . . и то.

Unknown рече...

:) да, да... за разлика од твојата идеја „Откачете ја Надица!“ :)

е баш ми е мило шо ти се бендиса...

можи да го добијам твојов нов текст? мислам, ако оној „Откачете ја Надица“ е твое дело, тогаш тебе те бива, стварно...

p.s. дали че можи „Откачете...“ да се објави во „ГИМ“?

Анонимен рече...

Леелееее хахахахха, не е бе до толку убаввв ... хехехехе (незгодна ситуацијаааааа) XD

Инаку новио текст да го допишам треба имам нешто на ум уште малку, и че го клам кај мене на хи5. . . Инаку имам мнооогу поубај, а за „Откачете ја Надица“ бев изреволтирана нешто и то ... (и имав инспирација од ако ја имаш прочитано од Пауло Коењо - Покрај реката Педра седнав и плачев-прееееееееба книга)

:)

Анонимен рече...

Мислев :
*КоеЉо
*Преуба

Патем го завршив тексто... ама не знам шо да прам :-?

Unknown рече...

Прати ми го на меил...

tomijovanoski@yahoo.com

Патем, разбрав шо сакал авторо да кажи во последнио' коментар...

:)

Анонимен рече...

..шо е финтава шо се враќаме на нешто толку упорно а сме виделе дека таа ствар не функционира...зошто безнадежно се надеваме дека некои работи ќе се сменат кога најчесто се останува како што било и пред нашите очи течи филм кој веќе сме го гледале и на чиј крај сме плачеле толку многу што за малку не сме ја потопиле земјава...

Unknown рече...

...la vitta e bella...

живеј го дур можиш...

Анонимен рече...

Дефинитивно најдоброто од тебе,овај текст ти ги надминува сите останати..

Стил, доведен ти е до перфекција...


Можам само да ти се восхитувам и да ти речам едно БРАВО!

:)

Unknown рече...

thnx...

го ценам ако е искрено...

Unknown рече...

пишувано е од срце...искрено...

за Голем човек...



нека му е вечна земјата...