Пребарувај по блогот

9.12.06

Анти-Турбофолк забава

И покрај се, Прилеп сепак знаел да се забавува и без Турбо-Фолк... Беше ризично, ама битна... Благодарам.

23.10.06

Балканистика

Something new... демек...

Yeah... I cannot describe the feeling when you're learning something new... Something different... When you know that there are other things out there, but are buried inside you... And at the moment, you dig them out... And you learn them, but at the same time, you have the feeling that you've already known them...

Доста филозофирање... Бев на ексурзија 6 дена... Будва, Омиш, Дубровник, Шибеник, Сплит, Загреб, Белград... И убо’ си поминав...

Крка, мрка, национални паркови, Плитвички Езера, Вакви Езера, Такви Езера, Ваквки Реки, Онакви Реки... Убо' се... Само, на друго би задржал акцент на постчево... За овие убајниве' че' закачам слики на hi5 во блиска иднина...

Добро бе, кој никаков народ беше то, за едно 30-40 динари да те праj' глуп бе... Абе, да се мочам и во динари и во се, ај биле - заминале... Ама да те прај
глуп бе! Е, то' не толерирам...

Ко' че' размислам подобро, иста сорта сме... Тие шо’ не фатило Турското троа' појче’... За разлика таму горе, посевероисточно, друг воздух диша
бре... Друго сонце греј' таму... Алал да му е... Историјата само потврдува дека од исклучителна важност е да ја учиме (жими к*ров)... Австро-Унгарското влијание довело до многу поаристократско однесување, пофин народ, по... Абе се по по...

И така.. Ова можи да оди до бескрај... Не сакам никој да навредам, само ги искажувам своите импресии од гореспоменатата ексурзија... Па, балкански народи... Подумајте' се уште малку... А јас че' одам да спијам...

Asta la vista...

29.8.06

там-там! go ahead be gone with it! рам-там

Ехехехееееееејјјј.... Моето блогченце... Again... Одамна го немам видено :-)))... Ок.. да преминам на главното... да си ја изгаснам жедта :-P....



Го знаете типацов, а??? Ама не ми се пишува за него.. Туку за...

Sexy Back...

Кога ја слушнав песнава прв пат, ми беше... безвеза... Не ни знаев дека Justin ја пее... A кога дознав, ми изгледаше уште по-безвеза...
Си реков - заеби....

Ја слушнав уште еднаш...

И уште еднаш...

И... уште еднаш...........

И сега не можам да го оттарасам она „там-там! go ahead be gone with it! рам-там...“ Ептен заразен бит има песнава... Се гледа Timbaland дека е царче... Само.. Муабетов ми беше не да ја фалам песнава, туку... да забележам дека продуцентов го промашил стилот... Баш песнава би звучела 100 пати по... ебачки... ако била dance верзија... house... лесен house... А, патем... и битовите не се распоредени као за хип-хоп, r&b срање... само, поздрав за експериментирањето.... Кул песниче, во секој случај... настрана изведувачот.... Не мислите?

21.6.06

ШАМПИОНИ!

ШАМПИОНИ!

3.6.06

Оче наш... и Ваш...


Оче наш кој си на небесата... Сакам да знам, дали стварно постоиш... Дали сепак, на крај краева, религијата во која веруваме е само претстава на она „нештото“, „натприродното“ (т.е. сеуште непроученото), созданена од маса луѓе од поединечни краеви на светот, или пак, стварно, се шо’ се случувало е вистина... Дека Исус е бесмртен, дека лекувал болни луѓе, дека слепите правел да прогледуваат, итн. итн... Или, пак.... Бил обичен смртник, со интелегенција поголема од тогашниот прост народ, со сфаќања многу понапредни од оние на тогашниот прост народ, со ненатприродни, смтрнички карактеристики, баш исти, како и тогашниот прост народ... Амин (?!?)...

П.С. Прашањево се однесува на сите религии.... Христијанство, Муслиманство, Будеизам, Хиндуизам, Јудеизам, Таоизам, итн. итн... т.е. се однесува на „едно нешто“ кое народот си го претставува како Бог, Алах, итн... На она „сеуште непроученото“...


27.3.06

САКАМ ДА ПРА'АМ ФИЛМ ! ! !

САКАМ ДА ПРА'АМ ФИЛМ ! ! !

ТЕМА: ХЕРОЈОТ ОД МОЕТО МААЛО – УРБАНА ЛЕГЕНДА

ПОСЛЕДНИОТ ДЕН

Рано изутрина. Небото беше некако крваво обоено од зраците на сонцето кое штотуку изгреваше. Марко беше качен на висинка, и јавнат на својот коњ, ја набљудуваше прекрасната глетка. Сонцето и двајцата ги оцртуваше како една голема здрвена силуета. И околните исушени гранки на дрвјата ја имаа изгубено бојата. Се беше некако црно. Само од сонцето извираше задушена, крвава светлина. Пролетното ветре безживотно ги нишкаше и гранките, и ретката трева која му ги галеше нозете на Шарац, па дури и бушавата црна коса на Марко, која синхронизирано со силата на ветерот наизменично ги сечеше сончевите зраци.

Марко, не тргнувајќи го погледот, вперен директно во изворот на крвавата светлина, размислуваше… Знаеше дека Тимурташ – паша беше тргнал во освојување на Прилепското кралство. Го мачеше самата помисла дека Турците слободно ќе се шетаат низ тесните прилепски калдрми, ќе се гостат во најубавите меани, ќе ги грабнуваат најубавите девојки, ќе ги земаат малите машки деца за да ги свртат против нивниот дом… Луто се мрштеше додека му навираа вакви мисли, но и една солза неконтролирано му се стркала од десното око, и оставајќи темна трага зад себе, се изгуби во густите мустаќи. Во истиот миг, слушна задишан глас кој идеше од зад него… „Марко!“ – повторно слушна, но сега многу појасно, поблиску. Наеднаш ги избриша насолзените очи. Никој го немаше видено кралот таков. Не смееше ни да си дозволи некој да го види. „Марко!“ – сега гласот беше сосем јасен, чист. Извираше на три до четири метри зад него. Марко го повлече јажето на Шарац надесно, и заедно со него, се сврти зад себе. Кога го виде задишаниот и неприродно блед Мирче на колена, кој имаше едвај 15 години, веднаш срипа од Шарац и му пријде. Изваде од торбето шише со вода, ја стави главата на Мирче на неговото рамо, и полека, му даваше да пие. Мирче по две – три голтки, како да ја врати бојата на своето лице. Ги отвори очите, и веднаш се оттурна од Марко. Со вознемирен израз на лицето, липајќи викаше: „Идат! Идат, Марко! Околу 300 турски војници слегуваат од Плетвар… Зад нив има уште! Не се бројат!...“ Марко, помалку изненаден, го очекуваше овој момент. Додека без престан му зборуваше Мирче, гледајќи во една точка, се исправи, и по извесно време, отсечно го тргна погледот и го прекина: „Оди, кажи му на сите што ги знаеш да го приберат добитокот, жените и децата нека седат дома, а мажите нека најдат било какво оружје, нека им стои при рака, и нека чекаат мојот повик. Потоа, одмори се! Ти треба одмор!“ – „Но, што ќе биде…“ – „Ти само стори го ова што ти го кажав! Доволно стори за својот народ! Другото остави го на постарите! Оди!“ – отсечно го прекина Марко. Мирче, со скиселен, истовремено и уморен израз на лицето, го погледна Марко во очи, и како да виде некоја нејасна решителност за она што го има на ум. Направи два – три бавни чекори наназад, не тргнувајќи го погледот... Подзастана, и одеднаш отсечно се сврти наназад и почна да трча накај центарот на градот.

Марко се врати кај Шарац, почна бавно да го гали за гривата, ја потпре својата глава на неговата, и нешто нејасно му шепотеше на увото. Коњот, како да го разбира, кимаше со главата. Марко се сврти накај сонцето, кое веќе беше сосем изгреало, и блескаше со својата силна светлина. На небото немаше ниедно облаче. Наеднаш, го спушти погледот надолу, кон стрмнината, каде го виде Мирче како вешто и брзо ги слегува стрмните карпи за побрзо да стаса до градот. Го следеше секој негов чекор, се додека не се изгуби зад ѕидините. Погледот автоматски му се крена кон крстот од црквата, кој се издигнуваше над сите градби. Извесно време не го тргаше погледот од тој симбол. Симбол на христијанството. Симбол на се она во што веруваше овој народ… За момент се потсети на својот татко, Волкашин. Во мислите јасно му заѕвонија неговите зборови за народот, за верувањето, за храброста и гордоста, за жртврувањето… Последователно фокусот го насочи зад крстот, кон празниот простор над градот. Очекуваше секој момент хоризонтот да го ишара турската војска.

23.3.06

хехехе...


АКО ГО НЕМАТЕ СЕУШТЕ ГЛЕДАНО ФИЛМОТ ЗАД КОЈ СЕ КРЕНА ЕПТЕН ПРАШИНА ГОДИНАВА, COPY-PASTE НА АДРЕСАВА ДОЛУ... :-)


http://www.starz.com/features/brokebackmountain/index.html

27.1.06

НОВ БЛОГ ЗА ВЕСНИКОТ „ГИМ“ ! ! !

Еве едно рекламче...

ИМА НОВ БЛОГ ЗА ВЕСНИКОТ ГИМ...
КОЈ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН,
НЕКА КЛИКНИ ТУКА