Пребарувај по блогот

16.6.09

КОЈ Е ЦАР ВО РАПО?!

(инспириран од неинспирирачката досада на многубројните глупави квизови на Facebook)

Како за почеток, едно гоооолемо фала за сите шо квизува на FB и шо пра квизој... Најдов нов извор за инспирација... :)

Второ, тема за дебата... Кој е цар во рапо? - ЈАС! (дебатата е завршена)

Се заебавам бе... Само неколку copy-paste на кометарчиња шо сум ги остајл некогаш и негде...

Врчак Е првио комерцијала во земјава шо стекна бајаги голема слава... Ама... Од ко го изваде албумо „Во твоето срце“ (жива катастрофа), нема ништо сменето во стило на рапување... Главно, во никој случај не мож да биди ЦАР ВО РАПОТ, кога албумот му носи име на песна ТОТАЛНО УКРАДЕНА од НИКОЈ ДРУГ, ТУКУ P.DIDDY (http://www.youtube.com/watch?v=F6E8omz9hVA)... И да, рапо е до негде музика шо се основа врз СЕМПЛУВАЊЕ, ама ова неговово не е СЕМПЛУВАЊЕ туку е ТОТАЛНО КРАДЕЊЕ И ФОЛИРАЊЕ... Да не ги редам другите песни шо ги има крадено, верувам ги знајш (би требало)... Раде останува „рапер“ по кој скренуваат малите девојчиња... Далеку од цар...

Тони Зен го поштовам пошто е прв во земјава шо го искомерцијализира „вулгарнио“ рап, онај без цензури без глупости... Најпознатата песна со која се проби е горе-долу battle песна пошто јади гомна за други рапери, бла бла (макар да скоро цела песна ни кажува кој е тој :)) Али сепак, Тони е брато шо го смени правецо на развивање на рапо во МК (зборувам за комерцијалата)...

Слаткаристика е ЦАР ВО ЛИРИКА И ФЛОУ... Можи не е ни тој цар на рапо, ама има страшен талент за пишување и склопување на стихој со мешани рими, и има страшно течно флоу... Од првенчево „Слаткаристика будало!“ нешто шо имам слушнато, има некои ептен south style траки (во поглед на музика), тотално различно од то шо го праеше претходно, ама ме бендиса шо не се смени таму кај шо е најдобар - лирика и флоу...

Green Out ги има најбрзите MC-иња во земјава... Имам слушнато и ептен јако freestyle, само незнам дали е вистина или не, за да бида ЦАРОЈ ВО FREESTYLE... Забеган е типацо од RNS, има уникатен глас за рапување... Инаку типциве си пука скрозЗ друг филм (во смисла на тематика), и се ориентирани повеќе кон живот и такви срања (и покрај појчето battle песничина шо ги има пуштено)...

Па според мене, било кој од Слаткаристика, Тони Зен или GreenOut заслужуваат титула ЦАР ВО РАПОТ мноооогу повеќе од Врчак...

То е то... Фала за инспирацијата! ;) Ова че си го напрам сега ко note... :)

1 коментар:

Кукла од памук рече...

ма Врчак е најдобар,му нема равен! ;)