Пребарувај по блогот

12.7.09

Нирвана


Ова е вечер кога сакам да се исповедам,

Да доредам недовршени мисли да подредам,

Да созреам, за еден мал ебан степен

Кој го ценам ко' што еден ден ќе го цениш своето дете...

И не ти зборувам тебе,

Чисто само се празнам...

Сфатив дека ова е начин со кој одбегнувам казна...

Празна и чиста останува мојата совест.

Психата ме кини, но не ја сфаќам како болест.

Ова е единствен начин да се ослободам,

Од црните мисли кои мислат дека им робувам...

Сонувам како се' е хармонично чисто,

Блиско до мене, па и до срцето бистро...

Се’ се гледа на дното нема заматена капка,

Наопаку одговор на секоја тешка гатанка...

Сламка, во око нема веќе да мачи,

Редам букви по букви вистина од мене се лачи.

Кажи, напорно е да ја слушаш оваа трака,

Вака или така, ма на кур јас не те ставам,

Правам, што сакам, и што ми лежи на душа,

Да го наредам се’ она што ми прави да се сушам

Духовно, да се мачам што се’ следи на патот...

За секој ебан стих на глава знај ми фали едно влакно,

Но нејсе, велат бистар памет коса не држи...

Не 'ржи будало, и тебе ќе те здопржи,

Кога ќе го согледаш животот којшто ти го фураш,

Кога ќе помислиш на сонот којшто тешко го туркаш...

Па нураш, во ебени недогледни мисли,

Кисниш над стиховиве

Рака на чело па се мислиш,

Колку си постигнал ти во животот свој?

Дали татко ти дома е радосен дека е твој...

Немој, да си мислиш дека се’ е готово,

Кешот во рака и дека се’ ќе биде подобро...

Поново размисли до кај си со твојот сон,

Лом те прави психата само ако работиш на то’...

Зошто, нема никој кој задоволил секого

Што сакал да биди задоволен?... Ма ретко го

Постигнуваш она што се вика нирвана,

Волшебно нешто шо ти игра во левата страна...

Што ти дава сила, па и да лебдиш без маана

Во степен на медитација - висока духовна храна...

Правам се' да стасам до таа крајна точка

Без која ниту рибите не ќе можат да молчат.

Ако не разбра ништо, тогаш пишувам точка...

Безнадежен си мило - немаш ниту живот една ронка...

Нема коментари: