Пребарувај по блогот

25.7.08

Јас и мојата несоница...

Часот е 05:01 наутро… Пред малку испив 0.5 литри несквик и напишав текст под наслов „Јас и мојата несоница“… По одредено време сфатив една работа – ако не можеш да го победиш непријателот – придружи му се… И тоа го направив… Па… ДОБРЕДОЈДЕ НЕСОНИЦЕ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! :-)

Го дочекав точно… (со потешкотии заради единственото осветлување од мониторот го барам и го стегам копчето Cal со сликичка на дигитрон од тастатурата, пресметувам 365x19) и... ТА-РАМ! Го дочекав точно шест илјади деветстотини триесет и петтото (6935) изгрејсонце во мојот живот... Колку од овие изгрејсонца сум бил жив – не можам да кажам...

Од моментот на пишување на следните бројки останува уште точно 01:53 до заминувањето Охрид... Треба да биди забавно... Верувам во тоа...


Ако има некои прашања, повелете...

Нема?

ОК...



До наредно видување...




(ја придвижувам стрелката во горниот лев агол, кликнувам на копчето со дискета на него, пишувам “19”, кликам Save...)

2 коментари:

За Гим :) рече...

Ах..ај прв да остам коментар..за `аирлија` , иначе блогов ти е суперррр...

че те барав јас да ми подкажиш нешто..ко че можиш да се јавиш на мсн....

пеаце бро, by Сантрач :)))

За Гим :) рече...

..Море бато, оти вака ме мачиш :P

Че те прашував како да го наместам она шо е profil visitors ..се регистрирав јас ама неможам да го клам` и ми покажува дека 0 views има..а знам оти лажи :]

п.ц. пиши далии е убаФ блогов некој совет....уф,уф :)

ме изнамачи се забајФ за чаршија ..че ме чека женава :)пффф !Чирс`!