Пребарувај по блогот

27.3.06

САКАМ ДА ПРА'АМ ФИЛМ ! ! !

САКАМ ДА ПРА'АМ ФИЛМ ! ! !

ТЕМА: ХЕРОЈОТ ОД МОЕТО МААЛО – УРБАНА ЛЕГЕНДА

ПОСЛЕДНИОТ ДЕН

Рано изутрина. Небото беше некако крваво обоено од зраците на сонцето кое штотуку изгреваше. Марко беше качен на висинка, и јавнат на својот коњ, ја набљудуваше прекрасната глетка. Сонцето и двајцата ги оцртуваше како една голема здрвена силуета. И околните исушени гранки на дрвјата ја имаа изгубено бојата. Се беше некако црно. Само од сонцето извираше задушена, крвава светлина. Пролетното ветре безживотно ги нишкаше и гранките, и ретката трева која му ги галеше нозете на Шарац, па дури и бушавата црна коса на Марко, која синхронизирано со силата на ветерот наизменично ги сечеше сончевите зраци.

Марко, не тргнувајќи го погледот, вперен директно во изворот на крвавата светлина, размислуваше… Знаеше дека Тимурташ – паша беше тргнал во освојување на Прилепското кралство. Го мачеше самата помисла дека Турците слободно ќе се шетаат низ тесните прилепски калдрми, ќе се гостат во најубавите меани, ќе ги грабнуваат најубавите девојки, ќе ги земаат малите машки деца за да ги свртат против нивниот дом… Луто се мрштеше додека му навираа вакви мисли, но и една солза неконтролирано му се стркала од десното око, и оставајќи темна трага зад себе, се изгуби во густите мустаќи. Во истиот миг, слушна задишан глас кој идеше од зад него… „Марко!“ – повторно слушна, но сега многу појасно, поблиску. Наеднаш ги избриша насолзените очи. Никој го немаше видено кралот таков. Не смееше ни да си дозволи некој да го види. „Марко!“ – сега гласот беше сосем јасен, чист. Извираше на три до четири метри зад него. Марко го повлече јажето на Шарац надесно, и заедно со него, се сврти зад себе. Кога го виде задишаниот и неприродно блед Мирче на колена, кој имаше едвај 15 години, веднаш срипа од Шарац и му пријде. Изваде од торбето шише со вода, ја стави главата на Мирче на неговото рамо, и полека, му даваше да пие. Мирче по две – три голтки, како да ја врати бојата на своето лице. Ги отвори очите, и веднаш се оттурна од Марко. Со вознемирен израз на лицето, липајќи викаше: „Идат! Идат, Марко! Околу 300 турски војници слегуваат од Плетвар… Зад нив има уште! Не се бројат!...“ Марко, помалку изненаден, го очекуваше овој момент. Додека без престан му зборуваше Мирче, гледајќи во една точка, се исправи, и по извесно време, отсечно го тргна погледот и го прекина: „Оди, кажи му на сите што ги знаеш да го приберат добитокот, жените и децата нека седат дома, а мажите нека најдат било какво оружје, нека им стои при рака, и нека чекаат мојот повик. Потоа, одмори се! Ти треба одмор!“ – „Но, што ќе биде…“ – „Ти само стори го ова што ти го кажав! Доволно стори за својот народ! Другото остави го на постарите! Оди!“ – отсечно го прекина Марко. Мирче, со скиселен, истовремено и уморен израз на лицето, го погледна Марко во очи, и како да виде некоја нејасна решителност за она што го има на ум. Направи два – три бавни чекори наназад, не тргнувајќи го погледот... Подзастана, и одеднаш отсечно се сврти наназад и почна да трча накај центарот на градот.

Марко се врати кај Шарац, почна бавно да го гали за гривата, ја потпре својата глава на неговата, и нешто нејасно му шепотеше на увото. Коњот, како да го разбира, кимаше со главата. Марко се сврти накај сонцето, кое веќе беше сосем изгреало, и блескаше со својата силна светлина. На небото немаше ниедно облаче. Наеднаш, го спушти погледот надолу, кон стрмнината, каде го виде Мирче како вешто и брзо ги слегува стрмните карпи за побрзо да стаса до градот. Го следеше секој негов чекор, се додека не се изгуби зад ѕидините. Погледот автоматски му се крена кон крстот од црквата, кој се издигнуваше над сите градби. Извесно време не го тргаше погледот од тој симбол. Симбол на христијанството. Симбол на се она во што веруваше овој народ… За момент се потсети на својот татко, Волкашин. Во мислите јасно му заѕвонија неговите зборови за народот, за верувањето, за храброста и гордоста, за жртврувањето… Последователно фокусот го насочи зад крстот, кон празниот простор над градот. Очекуваше секој момент хоризонтот да го ишара турската војска.

23.3.06

хехехе...


АКО ГО НЕМАТЕ СЕУШТЕ ГЛЕДАНО ФИЛМОТ ЗАД КОЈ СЕ КРЕНА ЕПТЕН ПРАШИНА ГОДИНАВА, COPY-PASTE НА АДРЕСАВА ДОЛУ... :-)


http://www.starz.com/features/brokebackmountain/index.html