Пребарувај по блогот

26.11.09

TJ - ShizoФ®eniYa


http://0.mk/TJshizofreniYa --- мојата н0вА Д3мО п3сна.. аКо Ти с3 б3нДисУвА, дАЈ мУ ја на тВо3тО дРугАрчЕ!

mp3 download овде!




---------------------------------------------------------------

lyrics >>>

---------------------------------------------------------------

[Интро]


Там, та-рам, та-рам
та-рам-там
Там, та-рам, та-рам
та-рам-там-там

Там, та-рам, та-рам
та-рам-там
Там, та-рам, та-рам
та-рам-там-там


[Строфа 1]

[TJ]
Иста вечер, ист клуб,
Ништо ново на повидум...
Стандард бирка се лизга по шанк,
Буфта кранк, битот јак, се' е исто пак...

И пак ме кине мрза,
Дрска досада ма' се' е без врска...
Мозокот ко' во клопка врзан...
Налевам чаша, пијам, брзам...

Кревам поглед ко' нешто да барам,
Добар сенс, (шмрк) намирисав трага...
Со остар поглед ме демне,
Мазна кожа ко' на бебе, мислам сака да се ебе...

Напрчени муцки исправена става,
Центриран поглед во мојата глава,
На лице блед израз... (Хмм...)
Демнам, чекам да ми даде било каков признак...

Признав, сакам да ја имам, шизнав,
Тогаш се' избледи гласен звук писна,
Па се појави ко' на модна писта,
Наместо кучката - мојата совест бистра...


[Рефрен]

[TJ]
Имаш газе боли ум!
Би те ебел јас на подиум!
До оргазам краен стадиум!
За мојот мозок ти си опиум!


[Строфа 2]

[Совест]
Еј! Пссст! Пссст!... Слушни ме!
Немој да правиш ништо, не, не лути ме!
Земи воздух **** број до десет,
Овој глупав клуб знај за тебе е тесен...

Размисли, кој нестрпливо те чека дома?
Кој не спие ради' тебе во оваа доба?
Кој те сака искрено само тебе? Хм?
Па ти имаш жена бе, еј! Не си веќе дете!

[TJ]
Па добро кој кур!? Зар уште ме демнеш!?
Зар ќе морам да се расправам уште со тебе!?
Ти кажав еднаш, ма' не повторувам пак,
Па ти беше тука до мене и дури бев млад!

И дури бев копиљак и кога требаше да ебам
Ти ми беше моја беда, рано ме учеше на верба...
И ми направи безвеза да биде се',
Место со пичиња ме наполни со жив смет!

[Совест]
Како се осмелуваш да ми се обраќаш така?
Зар мислиш дека не ти е подобро сега вака?
Мирен живот, фамилија, куќа на 3 ката,
Не знаеш за рата, ни лопата, нити страдаш.

А што ако беше како врсниците?
На сите пороци да ги трошеше дневниците,
Посраните дневници што ги добиваше ко' келнер,
На дрога, рулет и курви... Нефер е, не?

[ТЈ]
Губи се! Сакам само да се издувам!
Твојот глупав глас сакам само да го пригушам!
Го палам кецов, знај, нема да ми недостигаш...
Ќе те снема...

[Совест]
НЕЕЕЕ!!!

[ТЈ]

Нема ни да ми притребаш...


[Рефрен]

[TJ]
Надуван до максимум!
Ме боли кур за твојот ебeн суд!
Ма нема краен стадиум!
За мојот мозок ти си опиум!


[Строфа 2]

[Ѓавол]
Уф, ама е добро да сум повторно назад...
Нема ништо поубаво од слобода, пазам
Да ти удоволам се', нема веќе распоред
Твојата желба знај, сега е моја заповед!

[TJ]
КОЈ КУР ПАК ТИ!? Чек, не си истиот???
Го нема веќе оној глас досаден, оној пискиот...
И не... не чувствувам веќе ништо сега,
Нема ништо ко' пре'еска на гради да ме стега...

[Ѓавол]
Хаха! Заборави на гласот минатиот...
Ова е нова ера за тебе - не си оној стариот...
Да ја вратиме сцената, да се вратиме во клубот,
Пичиња вриштат! (АААААА!!!) Зарем не е лудо!?!

Гледај, пичицата што те демнеше пре'еска,
Стегната пука, луда! Ме фати и мене треска...
И што чекаш? Оди, чепни ја за газе,
Зграпчи ја силно, да помни! - Не останувај празен!

[TJ]
Чекај! Што се случува?!? Ова е лудо!
Неможам веќе да си го контролирам ни умот!
Малолетна е! Несакам да ја грабам за газ!
Што се случува?!? Ме' гледаат сите ко' манијак!

[Ѓавол]
Хахаха! Можеш да бегаш, но не и да се криеш!
Каде си тргнал!?! Застани! Врати се!
Рано е за дома, ќе те носам со мене.
За нешто многу повозбудливо сега е време!

Бирај од 0 до 36,
Стави се', не жали ништо, немој, не!
Слушни го топчето како заразно тропка,
Тоа е твојата топка!

[ТЈ]
НЕЕЕ!!!

[Ѓавол]
Хмм... Што ќе биде, ме копка...


[Рефрен]

[TJ, Ѓавол]
Надуван до максимум!
Знам сега касно е за суд!
Преку краен стадиум!
На мојот мозок ебен опиум!

14.11.09

ги собрав куферите, кафезите и лепаците, ајт на вордпрес...


отсега читајте ме на:



thnx,
TJ

16.10.09

Што сме ние?

Живееме во свет... Болен свет... Свет на убијци, лажговци, силувачи, монструми, мајки, татковци, работници, сопственици, политичари, питачи... Групирањето нема крај...
Презадоволени... Алчни...
Во било која работа, монотнијата е главниот двигател... Кога се е добро, животот станува досаден... Сопствените постапки доведуваат до разнишување на балансот... Деформирање на животот... Деформирање на личноста...
Кој е крив?
Ние...
Личноста на човекот е огледало на неговото опкружување... Неговото минато... Сегашност... Не е ни воопшто тешко да се виде и неговата иднина...
Но сепак, секогаш заклучокот е ист - човечката природа е непозната...


Ако има Бог, сеуште не не' уплашил доволно добро, за да возвратиме со почит...

(Инспирирано од Watchmen, навидум обичен акционен супер-херојски филм, кој носи неверојатно сеопфатна метафорична порака на реалноста)

P.S. Страшни визуелни ефекти! =)
P.P.S. Уште пострашен дизајн на сајтот на филмот! (МОРА ДА СЕ ПРОВЕРИ!)

18.9.09

...there is always hope!


Се стемнува...

Меланхолично расположение, придружено со меланхолични ноти... Не можам да кажам кое на кое е последица... Битно се сложуваат... онака, хармонично...

И така, си типкам на тастатурава, не мислејќи на ништо... Ми се чини дека од ден на ден, се попразни и попразни ми се мисливе низ главава... Можда' затупувам... Можда'...

И постојано се губам во некои новородени идеи кои не ја виделе светлината на овој свет... Идеи кои во секој момент ми навираат... А зошто ги кочам, зошто ги оставам притиснати... Е то' појма немам... Знам дека не е заради некоја друга попаметна работа...

Не знам ни шо' би требало да следи после ова пишаново... Изгледа завршува вака, оставајќи го читателот заебан шо' всушност почнал да го чита ова... Напразно потрошени 2 минути читање на заебани искази на еден моментално заебано расположен... како сакаш дефинирај ме... :)

12.7.09

Нирвана


Ова е вечер кога сакам да се исповедам,

Да доредам недовршени мисли да подредам,

Да созреам, за еден мал ебан степен

Кој го ценам ко' што еден ден ќе го цениш своето дете...

И не ти зборувам тебе,

Чисто само се празнам...

Сфатив дека ова е начин со кој одбегнувам казна...

Празна и чиста останува мојата совест.

Психата ме кини, но не ја сфаќам како болест.

Ова е единствен начин да се ослободам,

Од црните мисли кои мислат дека им робувам...

Сонувам како се' е хармонично чисто,

Блиско до мене, па и до срцето бистро...

Се’ се гледа на дното нема заматена капка,

Наопаку одговор на секоја тешка гатанка...

Сламка, во око нема веќе да мачи,

Редам букви по букви вистина од мене се лачи.

Кажи, напорно е да ја слушаш оваа трака,

Вака или така, ма на кур јас не те ставам,

Правам, што сакам, и што ми лежи на душа,

Да го наредам се’ она што ми прави да се сушам

Духовно, да се мачам што се’ следи на патот...

За секој ебан стих на глава знај ми фали едно влакно,

Но нејсе, велат бистар памет коса не држи...

Не 'ржи будало, и тебе ќе те здопржи,

Кога ќе го согледаш животот којшто ти го фураш,

Кога ќе помислиш на сонот којшто тешко го туркаш...

Па нураш, во ебени недогледни мисли,

Кисниш над стиховиве

Рака на чело па се мислиш,

Колку си постигнал ти во животот свој?

Дали татко ти дома е радосен дека е твој...

Немој, да си мислиш дека се’ е готово,

Кешот во рака и дека се’ ќе биде подобро...

Поново размисли до кај си со твојот сон,

Лом те прави психата само ако работиш на то’...

Зошто, нема никој кој задоволил секого

Што сакал да биди задоволен?... Ма ретко го

Постигнуваш она што се вика нирвана,

Волшебно нешто шо ти игра во левата страна...

Што ти дава сила, па и да лебдиш без маана

Во степен на медитација - висока духовна храна...

Правам се' да стасам до таа крајна точка

Без која ниту рибите не ќе можат да молчат.

Ако не разбра ништо, тогаш пишувам точка...

Безнадежен си мило - немаш ниту живот една ронка...

16.6.09

КОЈ Е ЦАР ВО РАПО?!

(инспириран од неинспирирачката досада на многубројните глупави квизови на Facebook)

Како за почеток, едно гоооолемо фала за сите шо квизува на FB и шо пра квизој... Најдов нов извор за инспирација... :)

Второ, тема за дебата... Кој е цар во рапо? - ЈАС! (дебатата е завршена)

Се заебавам бе... Само неколку copy-paste на кометарчиња шо сум ги остајл некогаш и негде...

Врчак Е првио комерцијала во земјава шо стекна бајаги голема слава... Ама... Од ко го изваде албумо „Во твоето срце“ (жива катастрофа), нема ништо сменето во стило на рапување... Главно, во никој случај не мож да биди ЦАР ВО РАПОТ, кога албумот му носи име на песна ТОТАЛНО УКРАДЕНА од НИКОЈ ДРУГ, ТУКУ P.DIDDY (http://www.youtube.com/watch?v=F6E8omz9hVA)... И да, рапо е до негде музика шо се основа врз СЕМПЛУВАЊЕ, ама ова неговово не е СЕМПЛУВАЊЕ туку е ТОТАЛНО КРАДЕЊЕ И ФОЛИРАЊЕ... Да не ги редам другите песни шо ги има крадено, верувам ги знајш (би требало)... Раде останува „рапер“ по кој скренуваат малите девојчиња... Далеку од цар...

Тони Зен го поштовам пошто е прв во земјава шо го искомерцијализира „вулгарнио“ рап, онај без цензури без глупости... Најпознатата песна со која се проби е горе-долу battle песна пошто јади гомна за други рапери, бла бла (макар да скоро цела песна ни кажува кој е тој :)) Али сепак, Тони е брато шо го смени правецо на развивање на рапо во МК (зборувам за комерцијалата)...

Слаткаристика е ЦАР ВО ЛИРИКА И ФЛОУ... Можи не е ни тој цар на рапо, ама има страшен талент за пишување и склопување на стихој со мешани рими, и има страшно течно флоу... Од првенчево „Слаткаристика будало!“ нешто шо имам слушнато, има некои ептен south style траки (во поглед на музика), тотално различно од то шо го праеше претходно, ама ме бендиса шо не се смени таму кај шо е најдобар - лирика и флоу...

Green Out ги има најбрзите MC-иња во земјава... Имам слушнато и ептен јако freestyle, само незнам дали е вистина или не, за да бида ЦАРОЈ ВО FREESTYLE... Забеган е типацо од RNS, има уникатен глас за рапување... Инаку типциве си пука скрозЗ друг филм (во смисла на тематика), и се ориентирани повеќе кон живот и такви срања (и покрај појчето battle песничина шо ги има пуштено)...

Па според мене, било кој од Слаткаристика, Тони Зен или GreenOut заслужуваат титула ЦАР ВО РАПОТ мноооогу повеќе од Врчак...

То е то... Фала за инспирацијата! ;) Ова че си го напрам сега ко note... :)

26.2.09

Приказна за aдама, таТкото & ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ

Би пробал да раскажам една приказна:

Еднаш, мноогу одамна, уште од најстари времиња, од самите корени на цивилизацијата, си бил еден човек, кој по некоја случајност го крстиле Адам. Кога Таткото на Адам увидел какво величевствено дело создал, бил мноогу среќен... Арно ама, нешто фалело... Со текот на времето, Таткото забележал дека Неговиот Адам бил мноогу осамен... И покрај сите останати животни, на Адам му требало некое животно различно од останатите, а слично нему. И така, една вечер, Таткото го забрал Адама дома порано, му ги скршил ребрата, и од нив, направил животно токму по негова мерка. Со минијатурни разлики (кај кого како). Ова новосоздадено животно го нарекол Ева. Сега Адам бил комплетен, имајќи покрај себе животно слично нему. После чинот на создавање, Таткото му се извинил на Адама за ребрата, и му рекол дека кај да е, треба да стаса нова пратка, со нови, пософистицирани ребра, ами не од глина, туку од титаниум. Адама рекол дека ќе ги почека, и притоа прашал дали се произведуваат и титаниумски фиксирачи на мускули на ципи и областа околу нив. Таткото не му одговори ништо.

Кога Таткото заклучил дека овдешната работа е завршена, ги свикал Адама и Ева за да се збогува. Притоа, им рекол дека слободно можат да уживаат во сите благодети на животот, и да не се срамат од своите природни нагони... Но, напоменал и една мноогу важна работа: „ВО ЦЕНТАРОТ НА РАЈСКАТА ГРАДИНА, НА ВРВОТ НА ЗАБРАНЕТОТО ДРВО, НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ!“ - им рекол со навистина сериозен тон. Адам и Ева имале стравопочит кон Таткото, и му ветиле дека тоа нема да се случи. Така, Таткото се збогувал со своите чеда, уште еднаш му се извинил на Адама за ребрата (тоа беше и причината поради која Адама сега сериозно се зафати со дистрибуција на нови титаниумски фиксирачи со гумичка околу рабовите и ластик за подесување на притисокот... добар бизнис... на крај, му се исплатија тие неколку глупави, бескорисни глинени ребра, а и ја доби Ева - интересна занимација во моментите на досада).

Оттогаш Адам и Ева си живееле среќно и безгрижно... Но не до крајот на својот живот! (многу кратка би била приказнава ако напишам вака)...

Еден ден (мислам дека беше 14ти февруари), Ева (како припадник на понежниот пол) го нас'скала Адама да ја прошета низ Рајската Градина, баш околу Забранетото Дрво, и... евентуално, да и подари Забрането Овошје, затоа што уште тоа и фалеше во целата колекција на Рајски Плодови (инаку беше страстен колекционер на истите). Адам, како и секој друг маж, можноста да се докаже пред партнерката ја стави пред разумот и зборовите што Татка му ги остави на заминување веќе беа бледи шумови во неговите мисли, кои брзо исчезнуваа, па така, испразнет во главата, а наполнет во срцето, се испентери на Забранетото Дрво за да ја задоволи потребата на Ева. Ева пак, задоволно трепкајќи со трепките кои и се лепеа меѓусебе од премногу маскара, почна да ги трија рацете очекувајќи го последното парче на колекцијата за Пролет/Лето -5008 (читај МИНУС ПЕТ ИЛЈАДИ И ОСМО)...

Помина ден... Два... Адама сеуште го немаше да се врати... Ева беше загрижена дека можеби и некој друг пред неа би ја надополнил колекцијата, па беше гневна на Адама што сеуште не е вратен... По недела дена, седејќи така под Забранетото Дрво, ненадејно Ева ја погоди нешто мноогу тврдо на глава. Додека се освести, забележа дека всушност тоа е Забранетото Овошје! Возбудена, побрза да го разгледа... Тоа беше сребрен MacBook со гризнато јаболко на средината - логото на Apple. Во тој момент се почувствува премногу среќна поради фактот што токму овој лаптоп ја погоди по глава, а не некој потежок, а во краен случај и персонален компјутер. Така среќна, го грабна мекбуко' и си замина дома...

Адам пак, жалејќи по својот мекбук, се симна од врвот на Забранетото Дрво, и од првите негови гранки, скина еден Medison Celebrity Laptop , и продолжи пак да сурфа... Иако не беше навикнат на Windows, и досадните pop-ups кои јавуваат грешки во системот, или потреба од бесконечно доживотно upload-ирање на системот, сепак, тоа не го спречи да продолжи да сурфа на Facebook и да ги проширува своите пријателски кругови. Но, не знаеше дека и покрај сите злодела кои ги направи, спротивни на зборовите на Татка си, сепак, ова последново играше клучна улога во иднината на цел човечки род!

Кога Таткото разбра за она што се случило во Рајската Градина на 14ти февруари, начисто збесна, и почна да ги проколнува и казнува Адам и Ева за злосторствата што ги направиле. Запиша неколку казни:

  1. Зашто 14ти февруари беше датумот на кој ова непростливо дело е извршено, нека остане датум на кој цел машки род ќе биде приморан да се истрошува дури можи и не можи за да ги удоволи потребите на женскиот род!
  2. Затоа што Адам беше првиот кој го вкуси Забранетото Овошје, отсега натаму, 80% од машкиот род ќе се пали на програмски јазици, како C++, HTML, Action Script и тн., а пак своите природни нагони ќе ги задоволува преку разноразните страни на интернет (т.е. ќе мириса цвеќиња со гас-маска)!
  3. Затоа што Macintosh беше првото вкусено Забрането Овошје, отсега натаму, ќе биде нашминкано, убаво, но скапо... и за кредит кој ќе го исплаќаш доживотно, ќе добиваш слаби карактеристики, а одлична шминка!
  4. Затоа што Ева беше втората која го вкуси Забранетото Овошје, отсега натаму, ќе страда заради немање на кандидати за задоволување на нејзините природни нагони (последица на казната бр.2)!
  5. Затоа што некојси друг лаптоп што не е од браншата Apple е второто Забрането Овошје кое беше вкусено при грозниот чин, нека биде достапен за секого, но да има толку многу никаков оперативен систем што би му ја вадел душата на секој корисник!
  6. Затоа што Facebook беше алатката со која се помагаше изведувањето на овој чин, нека остане страна која ќе ги зароби луѓето во виртуелен свет, во кој ќе бидат осудени да го посетуваат секој божји и небожји ден, да гледаат слики од било кој без разлика дали го знаат или не, да го менуваат статусот на секои 5 минути, да престануваат секакви физиолошки и нефизиолошки процеси при звукот на досадното „клак“ кое свири кога некој ти пишува на Facebook, да се дружат и пијат кафе на Facebook, и сето ова ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ!

Кога Адам и Ева го прочитаа новосоздадениот Устав од Таткото, им беше јасно дека нивните животи веќе нема да бидат исти како порано...

Но, не тажеа за тоа... Напротив!

Истерани од рајската градина, нечисти, мрсни, гнасни... Разделени еден од друг... Со своите плодови во едната рака, кафето во другата, деноноќно се дружеа на Facebook и се чувствуваа поблиски од кога и да е!

P.S. Среќно, до крајот на нивниот живот!

1.2.09

Пак, и пак, и пак...

Уфф.. Одамна го немам праено' ова... Можда и имам заборавено, али... Еве ме... Ми дојде желба да чкртнам нешто... Пак... Како во старите добри времиња :)

Повторно јас и онаа моја позната несоница... Ама овој пат, покрај то' шо' спијав до 4 одручек, има и друга, поглавна причина зошто ме фати овој стадиум чија последица е мојата креативност/желба да напишам нешто во врска со тоа... Причината е ерупција... Вулкан... Вулкан од измешани емоции... Смеење, тага, ретроспектива на се' она досега... Солзи... Незнам... Можда' на оваа тема најдобро се испразнив на текстот „Игри без граници“, посветен на Тоше (Бог да го прости)... Но, сеуште ме држи една мала мисла, ме скокотка... Ми вели, „напиши уште нешто... и уште нешто...“ И... Се до бескрај... Сфаќам, животот не може да се опиши во 5 реченици, 5 пасуси, 5 раскази, романи... Хех, нема да го собери ни во 5 ебени Great Library ако ме прашаш мене... Нејсе, можда' и да бидам контрадикторен на самиот себеси, али' целта на текстот спомнат пред малку, беше сосем различна од оваа... Гледано од аспект на реализација на поврзаноста инспирација-изведба-цел, себично си го фалам делото... Гледано од тематски аспек...хмм... 
Томи, чепкаш во мноогу голема пченица шо' неможиш да ја исркаш... Ни ти, ни Маестро Достоевски, ни Лепотан Бајрон...

После се, ЖИВОТОТ, е преголем за сечие објаснување...

Среќен сум...
И уште ми се мешаат мисливе... Само препорака, и се' ви станува јасно...
Гледајте го The Bucket List...

Најблиско „нешто“ кое допрело до ЖИВОТОТ...


А јас си крцкам... 
И му пеам: Roll on, roll on rollercoaster... We're one day older, and one step closer...