Пребарувај по блогот

25.7.08

Јас и мојата несоница...

Часот е 05:01 наутро… Пред малку испив 0.5 литри несквик и напишав текст под наслов „Јас и мојата несоница“… По одредено време сфатив една работа – ако не можеш да го победиш непријателот – придружи му се… И тоа го направив… Па… ДОБРЕДОЈДЕ НЕСОНИЦЕ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! :-)

Го дочекав точно… (со потешкотии заради единственото осветлување од мониторот го барам и го стегам копчето Cal со сликичка на дигитрон од тастатурата, пресметувам 365x19) и... ТА-РАМ! Го дочекав точно шест илјади деветстотини триесет и петтото (6935) изгрејсонце во мојот живот... Колку од овие изгрејсонца сум бил жив – не можам да кажам...

Од моментот на пишување на следните бројки останува уште точно 01:53 до заминувањето Охрид... Треба да биди забавно... Верувам во тоа...


Ако има некои прашања, повелете...

Нема?

ОК...



До наредно видување...




(ја придвижувам стрелката во горниот лев агол, кликнувам на копчето со дискета на него, пишувам “19”, кликам Save...)

5.6.08

Мал пример за информатичкиот тренд во нашата земја...

Download Day 2008
Колкава е само разликата меѓу нас и некој од нашите соседи... Ц-ц-ц-ц-ц... СраАамота е...

11.5.08

ГИМ бр.30 се ближи...

ГИМ бр.30 е при крај со изработката!!!


29.3.08

Остварување на Вашите соништа - Пост за портаење!!!


(клик за поголем формат)



Портарница [Final Cut] (Produced by elteYx) - TJ

*репликата „роко тркачот...“ е превземена од театарската претстава „оскар“ што премиерно ќе се одигра во просториите на домот на културата марко цепенков, на 20ти мај (вторник), со почеток во 20:00 часот... присуството е задолжително!!!

8.2.08

Црвчиња


Има денови во кои седам вака, се пулам' во тастатурава, слушам некоја тврда музика која ми ги пара тапанчињава, чувствувам како копаните шо' предмалку ги јадев „спаѓаат“ во стомаков, тепам време по месинџер и паралелно главоболкава ме убива, а нафтата ми врие во желудников...и во мозокот...паралелно...

...а да... и си ги хранам црвчињата во најдлабокиот дел на мојот хард-диск... нека ги...

Е, во тие денови, ми идат мисли (не би ги нарекол негативни) за шаблонот на функционирање на нашиов овдешен животен стил, со сите предности (!?!) и недостатоци... Можда' ова шо' го пишувам е последица на збиднувањата во мојата „работна“ околина, ама сеуште не сум сигурен за да го потврдам ова мислење... Така да, сето ова шо' го читате сфатете го како глупа' филозофија на секојдневието...

Сите кои ме хранеа со бензинот пред да го распалам овој оган би ги поистоветил со црвот, кој и тебе ти јади од хард-дискот...

Да разгледаме малку:

  • Црвот е направен од друг, за да му наштети на твојот компјутер, а преку тоа да ти наштети и тебе.
  • Пакостите на црвот можеш да ги осетиш најчесто ненамерно, од радозналост, од експонирање, или заради тоа што си направил некое добро дело по кое сите те знаат.
  • Кога еден црв се вгнездува во твојата околина, го споделува задоволството со останатите другарчиња.
  • Црвот толку добро се адаптира на средината што просто е невозможно да го препознаеш меѓу останатите.
  • За да го препознаеш и избркаш црвот, ти треба некој добар „детектор за црвја“. Практично - таков и не постои.
  • Црвот со неговите глупости ти го одзема најзначајното нешто во твојот живот - времето.

Има уште еден куп слични карактеристики кои би ги набројувал, само немам време...

Пробав да се борам со црвјата и да ги избркам... Ама поради фактот што нивниот број е ненормално голем, а нивната ефикасност ненормално.....ефикасна, најдов покреативен начин да се справам со нив - ГИ ХРАНАМ!

И додека ти млад читателу, го трошиш времето на овие неколку реда пишана литература, размислувајќи како понатаму со своите проблеми, нападнат од црвчиња (свесно или несвесно)...немој да си се зафатил со блогирање - ризично е.

Бај д' веј, им благодарам на сите оние кои ми го ширеле маркетингот во погорните редови во институцијата без мое знаење, без да направам било каква активност.

Се читаме наскоро...
А јас одам да пијам нафта... и да земам храна за црвја...